АктуелноИнтернационално

Американски новинар ја истражува хуманитарната криза во Венецуела: Каде се празните полици?

Медиумите на запад пренесуват како состојбата во Венецуела е депресивна и тешка, а полиците во супермаркетите празни, но дали е навистина така?! Новинарот Макс Блументал, на своја рака решил да посети неколку супермаркети и да покаже каква е ситуацијата навистина.

После посета на неколку маркети во Каракас, Марк нашол многу намирници, па дури и пиво. Маркетите кои ги посетил нудат широк избор на месо, месни и млечни производи. Исто така и пиво може да се најде во маркетите. Марк имал можност да види и неколку различни тоалет хартии и тоа со различен мирис, шампони и хигиенски препарати, кои според медиумите не можеле да се најдат во Венецуела.

„Овде нема проблем со дистрибуција на храна “ заклучил новинарот. “Прашањето е дека куповната моќ на локалното население е целосно уништена бидејќи нивната валута е толку ослабена од хиперинфлација, шпекулации и поплави од долари што владата не може да ги контролира тука, како и акумулација на приватни капиталистички елементи”.

Текстот е преземен од press24.