(Видео) Мециновиќ: Радикалноста е оправдана, тогаш кога конвенционалноста е заболена
Во емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс Порптаролот на Левица – Амар Мециновиќ зборуваше за протестите против францускиот предлог, кои минаото лето беа радикализирани од страна на Левица и амортизирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
За односот и активностите на ДПМНЕ кон протестите Мециновиќ рече: „ВМРО-ДПМНЕ сакаше од протестите да направи културно забавен програм. Левица ги израдикализира протестите. Левица одговори на притисоците кои беа фрлени над нас.“
Во продолжение Портпаролот на Левица додаде: „Радикалноста е оправдана, тогаш кога конвенционалноста е заболена. Значи ние имаме една конвенционалност која е толку болна што секој радикален потег е доблест.“
Левица останува на ставот против прифаќање на т.н. француски предлог и продолжува да повикува на прекин на преговорите со Бугарија.