Левица: Анти-работничката СДС ги угнетува жените работнички

  • Реакција на Политичката партија Левица

Владата која ја предводат анти-работничките СДС и ДУИ дозволува како никогаш досега, дивеење на бизнис интересите преку жртва на достоинството на работниците.
‼️Обезличената криминална банда на СДС ги остава најранливите делови на работничката класа како што се жените-работнички на милост на газдите.

Честа пракса е работодавецот кој должи плати на вработените да ја затвори фирмата и работниците да останат без своите изработени плати.

На текстилните работнички во Кавадарци судот им го одби тужбеното барање со кое бараа да се спречи работодавецот да го оттуѓи и пренесе имотот на фирмата во која работничките работеле. Со пренесување на имотот фирмата би станала неспособна за исплата на платите на работничките. Работничките освен плати и придонеси бараат и регрес за годишен одмор кој согласно колективен договор им следува.

Тие поднеле повеќе кривични пријави до Јавното Обвинителство за кривични дела поврзани со работните односи но, добиле негативен одговор, потврдувајќи ја класната пристрасност на судскиот систем.

Работниците не смеат да трпат последици поради лошите законски норми или неажурните институции – особено трудовиот инспектор кој има надлежност да ја утврди состојбата и да изрече казни за повреда на правата на работничките.