Како први, така други – македонска надворешна политика

За сервилноста и политичкиот покор на нашата дипломатија, како и опортунитетниот трошок како издуван потенцијал и потрошените ресурси во празно од страна сиот тој институционален и вониституционален потфат на МНР, претходно веќе пишувавме на нашиот портал. Но, случувањата на ова поле од изминативе неколку дена веќе оцртуваат една трагикомична претстава (и постава) на нашата надворешна политика.

Ќе разгледаме два случаи од минативе неколку дена, кои не само што ја покажуваат апсолутната сервилност на актерите, туку и нивната покорност која безмалку се манифестира како махинална имитација на она што навидум го прават „сите“, односно она на што си му покорен. Во нашиот случај, пред се тоа е САД, кои по правило (не секогаш, особено не откако Трамп доби мандат во САД) одат во пакет со ЕУ и НАТО.

Прво да го разгледаме случајот со нашето (односно на министерот Димитров) признавање на самопрогласениот Хуан Гуаидо како претседател на Венецуела. Имено, не слушнавме никакво оправдување од страна на МНР, па и од Владата, како се дојде до ваков заклучок дека Мадуро е нелегитимен претседател на Венецуела, па уште и признавање на друг како политички легитимен државник на односната држава?! Понатaму, што тоа конкретно ќе значи „Република Македонија го поддржува и го смета Хуан Гуаидо за времен претседател на земјата???” Ништо, се разбира! Апсолутно ништо, туку ова само ја отсликува состојбата со македонската политичка сцена како трка за освојување на симпатиите и добивање „браво“ од страна на еден од меѓународните деспоти и центри на влијанија. Дури во овој случај и сосема прозирна, како во целофан е завиена е лукративноста на министерот Димитров, кој со ваквата негова самоиницијативна сервилност се обидува да си ја унапреди позицијата на кандидат за претседател во очи на претстојните избори.

Второ, она што скоро воопшто да не беше забележано од медиумите, е скандалот со владиното доделување помош што во рамките на сите печатени медиуми во Македонија ја доби и весникот „Заман, кој патем, веќе 25 години се издава во државава на два јазика, турски и албански. Веднаш после објавувањето на оваа информација, Турција како преку амбасадата кај нас, така и преку други политички канали изврши притисок кон нашата влада со обвинение дека ваквата помош за весникот е “поддршка на терористички структури одговорни за обидот за воен удар“ кој неодамна се случи во Турција. Инаку, весникот „Заман“ како што е случај и со колеџот „Јахја Кемал“, важи за близок до организацијата на Фетула Ѓулен која Ердоган ја прогласи за терористичка организација и последните неколку години (после обидот за воен удар од 2016 година) врши политички прогони во земјата и надвор на поединци и организации кои било како биле поврзани со ова движење. На ваквиот притисок од страна на администрацијата на Ердоган потклекнуваат сите наши владини инстанци, па со триста молења и кумења (можеби и пазарења) успеваат да издејствуваат да сепак Заман поради „нелагодноста“ во која западнала нашата влада, доброволно решава да се откаже од овие средства.

Колку за компарација како една земја (која и покрај тоа што скоро е опоравена од разурнувачка војна), антиципирајки ја добробитта на својот народ на долг рок, гради достоинствени политички односи со своите соработници, ќе ја земаме реакцијата на Ирак која следеше непосредно после скандалозните изјави на американскиот претседател Трамп. Имено, Трамп во едно интервју за телевизијата CBS, зборувајќи за неговите програми и заложби за повлекување на војската од Сирија и Авганистан, ќе изјави дека „военото присуство во Ирак на силите на САД е од исклучителна важност“, нагласувајки дека пред се поради тоа што од тука не само што можат да го следат Иран, туку и целиот регион.

Бархам Салих, претседател на Ирак

На ова, ирачкиот претседател Салих веднаш возврати, обраќајки се кон Трамп дека САД немаат таква дозвола за да следат некого и дека тука живеат државјани на Ирак и само тие имаат право да одредат кој што ќе прави, особено ако се работи за најблиските соседи на земјата, како што е Иран. И затоа „САД треба конечно да се воздржи од наметнување на своите тегоби и извршување на некакви свои политички приоритети преку Ирак“. Во изјавата Салих го потсети Трамп дека нивното присуство на териоторијата на Ирак е како резултат на соработката помеѓу двете земји, во насока на сузбивање на теророт во регионот и согласно тоа, САД треба да се држи ограничена во рамките на овој договор, почитувајки го интегритетот и територијалниот суверенитет на Ирак.