Роденден на Назим Хикмет – поетот на Револуцијата

На денешен ден роден е Назим Хикмет (15 јануари 1902, Солун – 3 јуни 1963, Москва). Писател, поет а пред се револуционер и уметник во служба на пролетерската борба низ целиот свет. Назим како еден од најголемите поети на 20-тиот век, во својата поезија комунистичката борба ја отпеа преку пролетерските маки, но и стремежите за слобода на истата борба. Стремежи кои денеска така сјајно и спокојно провејуваат низ неговите дела како флејта која се издига од бучен оркестар.

Подолу е неговата поема насловена „Во букова снежна шума“ (Тр: „Karlı kayın ormanında“)  – 14 Mart 1956,  Москва, Переделкино.

Низ снежните букови шуми
чекорам јас приквечери.
Натажен и во мака
молам, подајми ти рака,
                          каде ли ти е таа?!

Снегот во светлина месечева обоен,
А картонскиве чизми ми тежат еве
Во мене тонот кој тихо свирка
каде ли ме повикува?

Дал татковината ил sведите,
или пак подалечна ми e младостта?
Измеѓу буките и шуми
прозор еден, жолт, топол.

По календарот стар
пролетта почна утрово баш!
Сите испратени играчки до мојот Мемед
се вратија назат денес.

А снегот чист, бурен
меко по него чекорам
Вчера во единаест ипол
умрел Берут – се познававме;
Кај мене сива една марама има
и книгата негова, потпишана.
Од рака на рака книга поминува,
                         а вечен ке биде од него вадохт.

Дал татковината ми е далечна
младоста ми моја или пак ѕвездите?
Бајрамоглу, Бајрамоглу!
отаде смртта село има ли?

Во ноќта, чекорам
низ шума снежна и букова
Во мрак наоколу,
како ден се гледам

СЕГА САМО ШТО ЌЕ ТУКА СВРТАМ
АВТОПАТ, ШИНИ, РАМНИНИ
НЕКАДЕ ОД ДВАЕСЕТ И ПЕТ КИЛОМЕТРИ
МОСКВА СЈАЕ И СВЕТИ.

Препев од Турски јазик: Хактан Реџеп Исмаил