Митко Ристоманов: Еуромакс се профитери и измамници од најдолен вид

Говор од блокадата против рудниците на смртта од Митко Ристоманов, активист на „Здрава Котлина”.


Сакам да ви се обратам пред се како млад човек, кој што живее овде и нема намера да се исели одовде! Ако доколку тој проклет рудник се отвори ќе бидеме принудени сите да се иселиме одовде или да умираме од најтешки болести! А ТОА НЕМА ДА ГО ДОЗВОЛИМЕ!

Би сакал да кажам збор-два за тоа кои се тие Еуромакс Рисорсис, за таа навидум Канадска компанија. Тоа се истите луѓе кои што во Бугарија имаат фирма Еуромакс Сервисес ЕООД којшто истражува исто таков рудник за бакар и злато во Трн, Бугарија. Истата таа фирма под името Саут Данјуб Металс Београд работи во Србија кај Медвеѓе и Бујановац на границата со Косово. Истите тие луѓе работеа на рудникот Скуриес на Халкидики во Грција. Секаде каде што одат тие предизвикуваат сенароден револт од нивните планови да отворат такви рудници со отворен коп со најзагадувачка технологија.

Тоа се т.н. пробивачи на концесии, ТИЕ НЕМААТ НИТУ ЕДЕН АКТИВЕН РУДНИК ВО СВЕТОТ! Тие одат во земји еве какви што се на Балканскиот полуостров, каде што немаме јасни законски регулативи, кои што не се почитуваат, ги пробиваат концесиите а потоа ги продаваат на вистински рударски компании кои што доаѓаат овде и не ги интересира што имало претходно.

Тоа се профитери кои ги интересира само да си ги наполнат џебовите по секоја цена. Да направат овде месечев пејзаж од овој најпошумен рид на планината Огражден, ДА ИСЕЧАТ 700 ХЕКТАРИ ДАБОВА ШУМА!

ДА ЈА НАПРАВАТ НАЈГОЛЕМАТА СМРТОНОСНА БРАНА СО ОТРОВИ ВИСОКА 276 МЕТРИ!

ДА ГО ЗЕМАТ ЗЛАТОТО А НА НАС ОВДЕ ДА НИ ОСТАВАТ ЈАЛОВИНА И ТЕШКИ ОТРОВИ!

Е нема да им дозволиме за 20 години активна експлоатација на тој рудник, на оваа благородна Струмичка котлина да паднат 10 МИЛИОНИ ТОНИ ОТРОВНА ПРАШИНА – Е ТОА НЕМА ДА ИМ ГО ДОЗВОЛИМЕ!

Откако се побунивме и го видоа народниот револт, ја сменија стратегијата. Е сега навидум немало да користат Натриум Цијанид, немало да користат Сулфурна Киселина, ќе користеле некоја Индустриска Пена. Кога ни прашавме кажете ни ја таа хемиска формула на таа фамозна Индустриска Пена да видиме за што се работи, тие ни рекоа не смееме да ви го кажеме тоа, бидејќи можеби погрешно ќе го протолкувате.

ОВА СЕ ИЗМАМНИЦИ ПРОФИТЕРИ ОД НАЈДОЛЕН ВИД!

НЕМА ДА ИМ УСПЕЕ!

РУДНИК ВО ИЛОВИЦА И ШТУКА НЕМА ДА ИМА!!!