Став

Протестот е оправдан, но недоволен

Протест. Во стратегијата на владејачката класа е како да се создаде издувен вентил, а при тоа да не се повреди системот. Тој издувен вентил оди дури и со оставка на некое бирократче, со пуштена солза и со „студентите се секогаш во право“-тактика. Тоа е либерализам, нормално неуспешен на долг рок и со многу луѓе.

Стратегијата на работничката партија е поинаква – отпор на неправдата секако ќе има, подоцна или порано, но нема гаранција дека дури и масовно движење ќе УСПЕЕ без политичко лидерство. Доколку овие изливи на граѓанска непослушност, протести, петиции, собирање потписи и сл. не најдат уточиште во правилна политичка линија, тогаш неминовно овие движења ќе бидат киднапирани од постоечките политички (идеолошки, материјално технички) структури. Затоа, паролата „ние не сме партија“ е само реакционерен обилик на „напред СДСМ/ДПМНЕ“ „напред профити“.

Зошто партиите го киднапираат незадоволството и зошто ова преземање не е легитимно? Затоа што партиите за кои станува збор се про-капиталистички т.е. не гледаат дека самиот систем ги создава проблемите и тој самиот е проблематичен и фаличен, па иако ветуваат промени на конкретните проблеми, партиите како дел од системот суштински се неспособни да ги спроведат, без да се укинат и уништат. Секако дека внатрепартиската демократија може да биде фактор на притисок, но буржоаските партии тој притисок го трпат и решаваат со метода на смени на оние кои различно мислат. Само политичка сила која разбира и извира од идејата дека станува збор за системски проблем и дека темелно решение е единственото решение, а секое друго е погрешно, како повикување на морал, компетенција, владеење на право. ветувања од минатото и сл.
Под политичко лидерство во прв план подразбирам – ВИЗИЈА, систем на идеи, поткрепена со теорија, и ЛУЃЕ кои се медиуми на таа визија.

Конкретно за протестот кај Мајчин дом. – огорчени се со право и треба да се протестира, но општините земаат пари легално со изградбата на нови објекти и со тоа го полнат сигнификантно буџетот – малите даноци на имот (да се потсетиме рамни даноци, непостоење на даноци на луксуз) не се главен извор за општината. Доколку општината во сегашните услови спроведува зелена политика – повеќе паркови и градинки, јавен превоз, помалку асфалт и бетон, помалку приватни коли и паркинг простори, ќе банкротира. Затоа протестот мора да даде алтернатива – а тоа оди спротивно на сите политички визии освен социјализмот. Да повториме високи прогресивни даноци на профити (скалесто оданочување), данок на луксуз и колку и да болно звучи прогресивни даноци на имот. Барем за почеток на промените.
Борбата не е на улици, само…

Став на членот на Президиумот на Левица, Алек Атевиќ