Британски колонијализам: Како Британците го направија најлошиот геноцид во човековата историја заради профит

“Јас ги мразам Индијците, тие се ѕверски луѓе со ѕверска религија. Гладот ​​беше нивна вина заради тоа што се размножуваат како зајаци”. -Винстон Черчил

Британците имаа немилосрдна економска политика кога станува збор за нивното владеење во Индија, политика која не вклучувала никаква емпатија кон домородното население. За време на британското владеење, Индија претрпела огромни кризи со глад. Пред британското владеење, кога земјата била погодена од глад, домашните владетели преземале брзи чекори за да се спречат поголеми катастрофи. Откако Индија била претворена во британска колонија, најголема причина за појава на глад било одложувањата на монсунските ветрови, заедно со експлоатацијата на природните ресурси на земјата од страна на Британците заради остварување огромна финансиска добивка.

Всушност, колонијализмот создаде услови за развој на капитализмот, а не обратно. Индустриските револуции што започнаа во Британија, а подоцна се проширија и на остатокот од северозападна Европа, целосно зависеа од евтините суровини украдени од неразвиениот свет како Америка, Африка и Индија. Ова дури и Хитлер многу добро го разбирал кога рекол дека “богатството на Велика Британија е резултат на капиталистичката експлоатација на триста и педесет милиони индиски робови” и дека Британците “многу добро знаат дека постоењето на целата нивна империја зависи од  колонијализмот во Индија”.

Британскиот колонијализам претставуваше модел за нацистичка Германија или директно да го цитираме Хитлер, “она што претставуваше Индија за Англија, териториите на Русија ќе бидат за нас”. Она што Германија имаше за цел да го постигне со колонизирањето на Советскиот Сојуз може да се види од она што колонијализмот на Британија веќе го направи во Индија и Австралија.

Кога Британците пристигнаа во Бенгал (Индија), тој регион претставуваше еден од најбогатите во светот, додека кога тие заминаа, Бенгал беше претворено во најсиромашното место. Кога Британците ја извојуваа својата прва победа на индиската територија во 1757 година, Индија учествувала со околу 24 проценти во светскиот доход, додека со заминувањето на Британците, Индија претставувала одвај 4 проценти од светскиот доход.

Една од најгрозоморните предизвикани кризи на глад настанала во 1770 година и траела до 1773 година. За време на оваа криза, загинале околу 10 милиони луѓе, бројка која ги надминува милионите загинати Евреи за време на Втората светска војна. Една третина од населението во Бенгал било избришано. Џон Фиске, во својата книга “Невидениот свет”, пишува дека гладта од 1770 година во Бенгал била далеку посмртоносна од црната чума што ја тероризирала Европа во XIV век. Иако низ историјата на Индија неколкукратно се повторени вакви кризи на глад исклучиво предизвикани поради профит, најсмртоносниот глад кој се случил по 1771 година е во 1943 година, кога три милиони луѓе загинаа, а останатите прибегнаа кон јадење трева и човечко месо со цел да преживеат.

Винстон Черчил, “воениот херој”, кој ја спасил Европа од чудовиштето како Хитлер (како што мејнстрим пропагандата го прикажува) за време на овој глад ја пренасочувал медицинската помош и храна што биле праќани за гладните индиски жртви на веќе добро снабдените војници во Европа. Кога владата на Делхи испратила телеграма до британските власти за да ги информира за ужасниот глад и огромниот број мртви, единствениот одговор на Черчил бил “Тогаш зошто уште не умрел Ганди?”

Во оваа доба на историски развој, потребно е да се запамети дека богатството на Западот е изградено врз гробовите на Истокот, потребно е да се запамети лицемерието на развиените земји кои својот прогрес и демократија ги изградиле врз експлоатацијата и генодиците на земјите од третиот свет.