Прогресивен Национализам наспроти Национал-Шовинизам

Нација настанува под притисок на социо-економски услови. Кога група луѓе на една територија ќе сфатат оти треба да се самоорганизираат за да си ги остварат економските интереси. Ваквиот национализам секогаш бил прогресивен. Таков беше национализмот на Илинденците, на Народната федеративна партија (Јане Сандански), на македонските федералисти (Филип Атанасов, Никола Киров Мајски), на ВМРО Обединета (Панко Брашнаров, Димитар Влахов. Наспроти тоа има национализам кој се раководи од идеите за чиста раса и нацијата како дадена од господ. Таква беше онаа на ВМРО автономистичка (Тодор Александров, Ванчо Михајлов). Погоди која победи. Исто таков прогресивен национализам кој имаше за цел остварување на пред се економски интереси на еден народ беше оној на АВНОЈ и АСНОМ и на СССР. Оној национализам кој се бавеше со чисти раси беше на фашистичка Германија. Погоди кој победи. Национализмов во Грција тргнува од тоа дека денешните Грци се Антички Хелени и Македонци и тоа им се признава со договорот. Што ќе биде последица на тоа, европска Македонија или нешто слично на последиците на фашистичка Германија и Александров и Михајлов (наци-шовинизам)? И погоди кој ќе победи.

 

 коментар на членот на Централниот Комитет на Левица, Саше Јанчев