АктуелноЛокално

Полицијата попречуваше мирен протест на работниците од МГИ

Денешниот мирен протест од страна на вработените во компанијата МГИ беше попречен од страна на полицијата. Полициската служба уште еднаш покажа дека не е на страна на мнозинството (работниците), туку дека е само орудие на капиталот во неговата репресија, со цел да се заштити себе си. Подолу може да се погледнат видеата од самиот настан.

Публикувахте от Saso Nikolovski в 7 май 2018 г.

 

Публикувахте от Saso Nikolovski в 7 май 2018 г.

 

Медиумите овој протест не го пренесоа, веројатно бидејќи останувањето на работниците без работа и со по 2 неисплатени плати за нив не е доволно сензационалистички. Сепак, ова не е ниту „Шарена револуција“ со апстрактни барања за слобода и демократија, ниту пак протест за одбрана на честа на Александар Македонски. Напротив, ова е протест само за преживување, за леб, за плати, а тоа не е доволно интересно и нема да има доволно „кликови“ за да биде пренесено.