„Кока Кола“ и „Нестле“ ќе го приватизираат вториот најголем природен резервоар на вода

Според бразилскиот весник „Кореиодо Бразил“, конгломератите прават „големи чекори напред“ кон добивањето на концесии врз водоносниот пласт Гуарани. Гуарани е најголемиот водоносен пласт во Јужна Америка и вториот најголем во светот. Се наоѓа на територите на Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај.

Со победата на Аргентинските конзервативци на изборите и поради фактот што во Бразил и Парагвај владеат десничарски партии, останува само Уругвај, со Широкиот Фронт (демократско-социјалистичката коалиција), да се противи на приватизацијата.

Концесиите што би ги добиле овие мултинацонали корпорации траат повеќе од 100 години и би го ускратиле основното човеково право на чиста вода за голем дел од популацијата на светот. Затоа, организации низ светот, како Организацијата на Американски Држави, започнуваат борба против оваа погубна можност.

Може да ве интересира