Захарова: Ќе има одговор за протераните руски дипломати од Македонија

Македонија пред три дена протерала тројца руски дипломати, објавија од амбасадата на Руската Федерација во земјава, пренесувајќи став на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова објавен на социјалните мрежи.

Захарова тврди дека македонскикте власти не ги објасниле причините за нивно прогласување за персона нон грата. Во објава на платформата X (Твитер), портпаролката на руското МНР го нарече македонскиот потег како неодговорен и непријателски чекор кој нема да остане без одговор.

Се’ уште нема одговор од Министерството за надворешни работи за руските тврдења, дека се протерани тројца нивни дипломати.