José Julián Martí Pérez ( Јануар 28, 1853 – Maј 19, 1895) – „ГВАНТАНАМЕРА“ (GUANTANAMERA, [Селанка од Гвантанамо])

 

По повод 165 години од раѓањето на Хозе Марти (Јosé Martí), револуционер, државник и народен херој на Република Куба кој со својата поезија и личност бил инспирација за многу револуционери од Кубанската ослободителна војна, ви ја пренесуваме една од многуте негови познати поеми „Гвантанамера“.

 

ГВАНТАНАМЕРА

Јас сум човек искрен
од таму каде растат палми
и пред да умрам посакувам
сите стихови од срцево да ги извадам.

Мојот стих е светлозелен
и како жар црвен
кој по засолниште во планини трага
Мојот стих е како ранет елен.

Гајам бела ружа
како во јули, така и во овој јануари
за искрен другар кој,
ми пружа отворена рака тој

Со сиромашните од овој свет
судбата своја сакам да ја спојам
На потокот во планина
повеке него на морето се радувам.