Настани

Партизанска прошетка

Линк до Фејсбук настанот.


По повод државниот празник 11 Октомври, политичката партија Левица организира прошетка на 12 локации во центарот на главниот град важни за Народноослободителната борба во Скопје. На сите локации се поставени спомен-обележја, кои, иако често се наоѓаат на фреквентни места, обично остануваат незабележани. Тоа е поради нивната скромна појавност наспроти насилната и наметлива естетика типични за спомениците од проектот Скопје 2014, како и недоволното знаење на граѓаните за нив и негрижата и вандализмот на кои тие биле изложени.

Прошетката и посетата на спомен-обележјата од НОБ ќе започне од раскрсницата пред Универзитетот Кирил и Методиј, по што – преку Југодрво и Жена-парк – прошетката ќе заврши кај Градски ѕид, на локацијата каде што загинал првоборецот Благоја Деспотовски – Шовељ во 1941 година. Левица упатува покана за дружно освежување на знаењето на граѓаните на Скопје за партизанското минато на нивниот град.