Огледало

Рака (накратко за уметноста и моќта)

Јиржи Трнка (1912–1969) е еден од најистакнатите чешки илустратори и филмски аниматори на XX век.

„Рака“ е краток анимиран куклен филм од крајот на неговиот опус, сатира која го преиспитува односот на моќта кон уметноста. Визуелниот текст е истовремено смешен и мрачен, и отвора јато поврзани теми кои имаат трајна политичка релеватност.