Некогаш беше најдоброто воено одморалиште на Попова Шапка, денес руинирано и запустено!
Военото одморалиште на Попова Шапка, видливо се распаѓа. Со години наназад, ова одморалиште не функционира и е оставено на забот на времето.
Сместувачкиот објект е целосно руиниран, додека кујната и ресторанот дишат на апарати.
Без никаква функционалност, тешко е да се опише моменталната состојба. Изнесено е се’ што вредело, а во поголемиот дел, останат е само бетон.
Ваква е сликата сега, од некогаш престижното одморалиште, каде речиси сите гранки на војската следеа обуки, вежби во природа, или пак едноставно одмараа.
Станува збор за имот кој државата никако не успеа, ниту најде начин да го стави во функција, или да го рестарвира за друга намена.
Линк од статусот на Левица ЛО Тетово:
НЕКОГАШ БЕШЕ НАЈДОБРОТО ВОЕНО ОДМОРАЛИШТЕ НА ПОПОВА ШАПКА, ДЕНЕС РУИНИРАНО И ЗАПУСТЕНО! Военото одморалиште на Попова…
Posted by Левица – Тетово / E Majta – Tetovë on Monday, February 8, 2021