Левица: Бројките го демантираат Богоев – и тоа како ѝ се погоди на урбаната мафија
Левица објави реакција по повод последното интервју на Стефан Богоев дадено за Слободен Печат во кое тој тврди дека не ѝ се погодил на урбаната мафија.
Во реакцијата, Левица, повикувајќи се на последните податоци објавени од страна на Државниот завод за статистика, го потенцира порастот на завршени станови во 2019 година кој е за четири пати поголем од бројот на завршени станови во 2014 година.
Целосната реакција следи во продолжение.
,,Бројките го демантираат Богоев – и тоа како ѝ се погоди на урбаната мафија
Во исчекување на податоците за 2020 година, Општина Карпош е втората општина во Македонија според бројот на завршени станови во 2019 година. На територијата на Општина Карпош изградени се 1.038 станови што е за 216 повеќе во однос на претходната, 2018 година. Во однос на базичната, 2014 година, забележан е четирикратен пораст на изградбата на станови.
Трендот на пораст кој започна во 2016 година е вистински доказ за штетните политики на Стефан Богоев и неговиот претходник, благодарение на кои Општина Карпош прерасна во вистинска бетонска џунгла.” стои во реакцијата.
Бројките го демантираат Богоев – и тоа како ѝ се погоди на урбаната мафија Во исчекување на податоците за 2020 година,…
Posted by Левица – Карпош on Недела, 31 јануари 2021