АктуелноЛокално

Утре Богоев ќе продава државно земјиште со почетна цена од 61 денар

Од политичката партија Левица реагираа за јавното наддавање за катастарските парцели 6100/2, 6103/1 и 6097/4, кои се наоѓаат во населба Тафталиџе и на кои во моментов се наоѓа зеленило. Почетната цена за овие парцели изнесува 61 денар, а новиот сопственик на овие градежни парцели ќе треба да изгради станбен објект на четири нивоа (П+2+Пр).

„Општина Карпош не се откажува од продажбата на државно земјиште за изградба на станбен објект. Откако во ноември минатата година не успеа продажбата, сега, општинската администрација повторно ќе се обиде да продаде градежно земјиште. Локалниот огранок на Левица во Карпош ја осудува оваа постапка на Стефан Богоев и Општината со која ќе се бетонира уште еден зелен простор. Со ова Богоев, уште еднаш ја покажува стратешката ориентираност кон бетонизацијата и дуизацијата на Општина Карпош.” – се наведува во реакцијата.

Јавното наддавање ќе започне утре во 10 часот.


БОГОЕВ УТРЕ ЌЕ ПРОДАВА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ СО ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 61 ДЕНАР! Општина Карпош не се откажува од продажбата на…

Posted by Левица – Карпош on Monday, 25 January 2021