Библиотека

Александра Колонтај – Проституцијата и начини за борба против истата

Извадок од говор на Александра Колонтај, одржан при Третата СеРуска конференција на шефовите на регионалните женски оддели, 1921. Александра Михајловна Колонтај е руска револуционерка, дипломат и долгогодишна амбасадорка на Советскиот Сојуз во Норвешка и Шведска. Таа е и првата жена од современата историја која била член на некоја влада и како прв дипломат од женски пол.

Наслов на оргиналот :Проституцијата и начини за борба против истата

Извор : Одломци из Изабраних списа Александре Колонтај, Alison & Busby, 1977


Другари, прашањето за проституцијата е деликатна и трнлива тема која нема добиено многу внимание во Советска Русија. Ова злобно/вознемирувачко наследство на буржоаскиот капитализам продолжува да ја труе атмосферата во работничката република како и да го афектира физичкото и моралното здравје на работниците во Русија.

За жал проституцијата постои и денес и таа претставува закана за чувството на солидарност и другарство помеѓу работничките и работниците, граѓаните на работничката република. А ова чувство е темелот и базата на комунистичкото општество кое ние го градиме и го реализираме. Крајно време е да се соочиме со овој проблем. Време е да обрнеме внимание и размислиме за причините кои се кријат позади проституцијата. Време е да најдеме начини и средства за конечно да се ослободиме од ова зло еднаш и засекогаш, зло за кое нема место во работничката република.

Ние сме свесни и знаеме дека проституцијата е зло, и тоа е препознаено во овој момент. Имено, во овој транзиционен период, со многубројни проблеми, проституцијата стана екстремно широко распространета. Ние бевме тивки за овој проблем, го тргнавме овој проблем по страна. Делумно ова се случи поради хипокритичните ставови кои ни останаа во наследство од буржоазијата, и делумно поради нашата неподготвеност да опсервираме и земеме во предвид како и да се помириме со штетата што масовно распространетата проституција ја врши врз работничкиот колектив. Ние мора, не само да се конфронтираме со проблемот на проституцијата туку и да бараме солуција која што ќе биде во корелација и на линија на принципите и програмата на социјални и економски промени поддржувани од комунистичката партија. Над се, ние мора првично јасно да дефинираме што претставува проституцијата. 

Проституцијата е феномен кој што е тесно поврзан со незаработена добивка и кој што цвета во епохата доминирана од капитал однос и приватна сопственост. Од наша гледна точка, проститутките се жени кои си го продаваат телото за материјален бенефит – за пристојна храна, облека и друг комфор, предности промоции и слично; проститутките се тие кои ја избегнуваат потребата од работа со тоа што му се продаваат на мажот, без разлика дали перманентно или привремено.

Но, има голема разлика помеѓу проституцијата во старо Грчката и Римската држава и онаа форма на проституција која е присутна денес. Во античките времиња бројот на проститутки бил мал, и тогаш не постоела таа хипокризија која сега ја обележува моралноста на буржоаскиот свет; која го присилува буржоаското општество да ја подигне капата/шапката во знак на почит кон “озаконетата сопруга” на некој индустриски магнат, која очигледно се продала себеси на сопруг кој не го сака, а пак од друга страна да го сврти погледот, со израз на гадење да погледне на друга страна кон некоја девојка која е присилена [на проституирање] од сиромаштијата, бездомништвото, невработеноста и други социјални околности кои потекнуваат од постоењето на капитализмот и приватната сопственост. Во Средниот Век пак, проституцијата беше корисна за богатите граѓани и тие отворено ја прифаќаа.

Но со појавата на капитализмот, дојде до промена на ваквата слика. Во деветнаесетиот и дваесеттиот век, за прв пат проституцијата завзема опасни пропорции. Продажбата на женскиот труд кој е близок и нераскинливо поврзан со продажбата на телото, прогресивно е во пораст, доведувајќи до ситуација каде, не само респектираната сопруга на еден работник, и не само напуштената и “обесчастена” девојка се приклучуваат на ранковите на проститутките туку и: мајката поради своите деца, или пак млади девојчиња како Соња Мармеладова кои постануваат проститутки поради своето семејство (Соња е лик од делото на Достоевски „Злосторство и казна“, која е бедната, отфрлена и изгубена проститутка, но таа е проститутка не заради себе, туку за да им помогне на другите). Ова е хоророт и безнадежноста кои резултираат само од експлоатацијата на трудот од страна на капиталот. Хипокритичниот моралитет на буржаското опшество ја охрабрува проституцијата со самата структура на неговата експлоатирачка економија, додека истовремено безмилосно но, со осуда, отвара простор девојки и жени да тргнат по овој пат.

Има различни видови на проституција: има отворена проституција која е легална и е субјект на регулации, но има и тајна проституција од “сезонски” тип. Но, сите типови на проституција просперираат како отровно цвеќе во мочуриштата на буржоаскиот начин на живот. Овој свет (буржоаскиот) не ги поштедува дури ни децата, втурнувајќи млади девојчиња од девет и десет години во одвратните прегратки на богатите перверзни дегенеративни старци. Во капиталистичките земји постојат бордели кои се специјално резервирани за млади девојчиња?! 

Во сегашниот пост-воен период секоја жена се соочува со можноста од невработеност. Невработеноста владее кај жените посебно, и со самото тоа предизвикува енормен пораст на армија на “жени уличарки”. Гладни маси на жени ги преплавуваат ноќните улици на Берлин барајќи купци на “бело робје”. Исто е случај и со Париз и останатите цивилизирани центри на капиталистичките држави. Продажбата на женското тело се практикува прилично отворено, што не е зачудувачки факт кога би се погледнало од пееспектива дека целиот живот на буржоазијата е базиран на купо-продажба.

Но, кога проституцијата е толку задржана и е толку распространета дури и во Русија, како ние би се бореле против истата? За да се одговори на ова прашање, ние првично мора  прилично детално да ги анализираме факторите кои ја издигнуваат проституцијата. 

Буржујските научници и нивните академци обожаваат да докажат на светот дека проституцијата е патолошки феномен, таканаречено т.е резултат на абнормалности кај поедини жени, исто како што некои луѓе се родени да бидат криминалци. Исто такам од нивна страна се аргументира дека и некои жени се родени да бидат проститутки. Без разлика каде и каков начин на живот имале тие жени, сеедно, според нив тие би се фрлиле во грешен начин на живот. Марксистите и совесните научници, доктори и статистичари докажаа многу јасно дека идејата за “вродената абнормалност” е нелегитимна. Пред се, проституцијата е социјален феномен; и таа е многу тесно поврзана со позицијата на економската зависност на жената од мажот-сопругот во семејството. Односно, коренот на проституцијата лежи во самата економија.

Исто така важно е да се напомене дека во капиталистичките земји проституцијата ги регрутира своите слуги само од сиромашната-безимотна страта на популацијата. Ниско платени работници, бездомништвото, акутната сиромаштија и потребата да се поткрепат помладите браќа и сестри; ова се факторите кои влијаат за продукцијата на најголемиот број на проститутки. Ако тезите на буржоазијата за корупцијата и криминалната предиспозиција беа точни, тогаш сите класи на популацијата ќе беа засегнати еднакво од проституцијата. Но, професионалните проститутки, жените кои преживуваат од своето тело, со многу ретки исклучоци, се регрутирани од посиромашните класни слоеви. Сиромаштијата, гладот, финансиската депривација и флуоресцентните социјални нееднаквости кои имаат корен токму во капиталистичкиот систем, кој ги тера овие жени да се впуштат во проституција.

Како фактори кои се виновни за проституцијата ние може да ги издвоиме: ниските плати, економската зависност на жената од мажот и нездравиот дегенериран обичај-традиција по кој жените се водат и очекуваат да бидат финансиски поддржани со размена на сексуални услуги, наместо со размена на труд.

И после сетo ова, што всушност претставува професионална проститутка? Тоа е личност чија енергија не се користи за добробит на колективот; личност која живее на грбот на другите, со земање на одредена сума пари/услуги од другите. Дали вакво нешто смее да се дозволи во работничка република? Не, не може. Не смее да биде дозволено, затоа што ги намалува резервите на енергија и бројот на работната рака кои го продуцираат националното богатство, и генералната добробит целокупно. Од гледна точка на националната економија професионална проститутка претставува дезертер на трудот. Во интерес на економијата, ние мора да почнеме веднаш да ја намалуваме бројката на проститутки и да ја елиминираме проституцијата во секаква форма.

Што претставува фундаментален квалитет на работничката класа? Кое е неговото морално најјако оружје во борбата? Па тоа е солидарност и другарство како темел на комунизмот. Ако ова чувство не е доволно силно развиено помеѓу работничката класа, градењето на комунистичко опшество е незамисливо. Комунистите кои се политички свесни логично е дека треба да поттикнуваат, окуражуваат и влијаат на развојот на солидарност на секаков можен начин и да се борат против се’ што го попречува развојот. Проституцијата ја уништува еднаквоста, солидарноста и другарството врз две третини на работничката класа. Маж кој ги купува услугите од една жена не ја гледа неа како другарка или како личност со еднакви права. Ја гледа како жена која е зависна од него и како некое суштество од понизок вид кој е помалку вреден во работничката република. Инфериорноста што мажот ја гаи кон проститутката, чии што услуги ги купил, влијае врз неговиот став кон сите жени. Со порастот на проституцијата, наместо да се гради раст на солидарност и другарство, само се зајакнува нееднаквоста помеѓу родовите.

Проституцијата претставува страно нешто, тоа е штеточина врз новиот комунистички морал кој е веќе во процес на оформување. Задача на партијата целокупно како и на одделот на жени, мора да биде во насока на тоа да се лансира нова широка и резолутивна кампања против оваа оставштина од буржоаското опшество.

Врската помеѓу два двајца е штетна за колективот само ако постои материјално уценување помеѓу родовите кои се инволвирани во истата, и само кога софистицирани калкулации претставуваат субститут, замена за меѓусебната атракција. Дали уценувањето доаѓа преку проституција или легален брак не е воопшто важно. Затоа ние понатаму мора да ја осудиме проституцијата, дури и да одиме до степен да објасниме дека овие легални сопруги во суштина се “чувани заробенички” и каква жална и нетолерантна улога тие имаат во работничката држава.

Време е да се расчисти со прашањето околу сексуалните врски. Време е да пристапиме кон ова прашање безмилосно и со научна критичност. Веќе кажав дека меѓународната комисија прифати проститутктите да бидат третирани како и сите дезертери на трудот. Исто така, жените кои имаат работна книшка, но практикуваат проституција како секундарен извор на материјални средства-пари не може да бидат казнети. Но, ова не значи дека ние не се бориме против проституцијата. Како што повеќе пати поентирав денес, ние сме свесни дека проституцијата штети на работниот колектив, одразувајќи се психолошки негативно врз мажите и жените, искривувајќи ги нивните сфаќања и осетот за еднаквост и солидарност.

Нема да си земам за слобода да проповедам како во иднина ќе изгледаат брачните врски помеѓу родовите. Но, во едно сум сигурна: во комунизам зависноста на жената од мажот и сите пропратни елементи на материјална зависност кои постојат во модерниот брак ќе исчезнат. Сексуалните врски ќе бидат засновани на здрав инстинкт за репродукција или уживање поттикнат од младалачката љубов, страст, физичката привлечност или светла интелектуална и емоционална хармонија. Ваквите сексуални врски немаат никаква допирна точка со проституцијата. Проституцијата е ужас затоа што е акт на насилство и принуда на една жена врз себеси во името на материјална добивка. Каде што страста и симпатиите започнуваат, таму проституцијата завршува. Во комунизмот, проституцијата и традиционалното семјество ќе исчезнат. Здрави, слободни, весели врски ќе се развиваат помеѓу родовите. Ќе дојдат нови генерации, независни и храбри со силно чувство за колективот: генерации кои ќе го ставаат доброто на колективот пред се’.

Другари! Ние ги поставуваме темелите на комунистичката иднина. Во наша моќ е да го забрзаме овој процес. Ние мораме да ги зацврстиме чувствата за солидарност кај работичката класа. Ние мора да го направиме овој храбар потег заедно. Проституцијата штети врз развојот на солидарност и затоа ги повикуваме одделите на жени да започнат кампања за да се искорени ова зло.