АктуелноЛокално

Македонските граѓани се помалку ги одобруваат политиките на САД

Институтот Галуп се смета за една од најдобрите светски организации за аналитика. Основан е од социологот Џорџ Галуп 1935 година во Вашингтон, при што главна задача на Институтот се истражувањата на јавното мислење насекаде низ светот. 

Овој американски институт околу петнаесетина години спроведува истражување на светско ниво кое мери каква доверба (одобрување) уживаат политиките на владите на  „светските сили“  САД, Германија, Кина и Русија во останатите држави (Rating World leaders: The U.S. vs. Germany, China and Russia).  Една од целите на истражувањето е да покаже чија надворешна политика ја одобруваат најмногу „граѓаните од целиот свет“. Резултатите од истражувањето се изразуваат во проценти (по држави) или бодови (регионално или глобално).

Според вашингтонскиот институт, одобрувањето на владините политики предводени од САД имаат слободен пад во поголемиот дел од Европа за периодот од 2016 и 2017 година, а предничи падот во довербата кај земјите-членки на НАТО. Кога сме кај НАТО, пад на рејтингот во одобрувањето на политиките на САД е забележан во Португалија за 51 поени (74% од испитаниците не ги одобруваат политиките), Белгија 44 поени (74% од испитаниците не ги одобруваат политиките) и пад во Норвешка од 42 поени (87% од испитаниците не ги одобруваат политиките).

Откако се појави ова истражување, единствено понизок процент на поддршка во Европа администрацијата на САД имала во 2007/08 година.

Македонија е една од ретките држави каде во првата година од мандатот на Трамп беше забележан пораст во рејтингот на одобрување на владините политики на САД. Работите се променија откако две последователни години, рејтингот за одобрувањето политики на САД во Македонија се намали – за да забележи рекорден пад од 12 поени за период од една година. Ваквиот тренд продолжува и во истражувањето за последната година, дури 45% од анкетираните изјавиле дека не ги одобруваат владините политики на САД. 


2018 година

2019 година

Рејтингот на одобрување владини политики на САД за 2020 најверојатно ќе биде објавен околу крајот на првиот квартал 2021 година. Аналитичарите кои работат на ова истражување предупредуваат дека се можни нови падови во поддршката кон политиките на САД. За главен фактор го наведуваат конфликтот и обвинувањата со НР Кина околу корона-вирусот. Информациите од целосното истражување се лесно достапни на официјалната страна на Галуп.