АктуелноБиблиотекаЛокално

Пред 76 години ослободена е Битола од бугарско-германската окупација

Сојуз на Борците од НОАВМ 1941 – 1945 и граѓаните продолжувачи – Битола.


4 Нoември 1944 година е ослободувањето на Битола од фашистичката бугарско-германска окупација.

По капитулацијта на Бугарија, продолжувајќи ја борбата против германските единици што се повлекувале од Грција кон Албанија и Србија, борците на 49. дивизија на НОВ и ПО на Македонија, во чии рамки влегувале борците од Седмата битолска бригада, Битолско-преспанскиот партизански одред, а нешто подоцна и борците на Леринско-костурската бригада, уште позасилено ги напаѓале германските колони и им нанесувале тешки загуби во луѓе и техника.

Утрото на 4-ти ноември 1944 година, единиците од 49. дивизија на НОВ и ПО на Македонија, победоносно влегле во Битола каде биле со воодушевување пречекани од граѓаните. Во четиригодишната херојска Националноослободителна и антифашистичка војна на Македонија, граѓаните на Битола и Битолско дадоа значаен придонес, а околу 266 борци ги положија своите животи во нерамноправна борба со бугарските, италијанските и германските окупатори и нивните домашни слуги.