Ево Моралес: Аргентина, Боливија и Венецуела го анализираат повторното враќање на УНАСУР

Во ексклузивно интервју за Спутник Мундо од 26 октомври, поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес изјави дека е во постојани разговори со претседателите на Аргентина, Алберто Фернандес и на Венецуела, Николас Мадуро, за опоравување на Унијата на јужноамериканските држави (УНАСУР).

Разговаравме доста со Фернандез и Мадуро за враќање на Унасур“, – потврди Моралес кој во моментов е во Буенос Аирес. Моралес е убеден дека „има потреба од Унасур“. „Би рекол: не губете надеж дека ќе се вратиме во времето на Нестор Киршнер (2003-2007), Хуго Чавез (1999-2013), Лула да Силва (2003-2011) и Рафаел Кореа (2007- 2017).“

Проектот за интеграција на Латинска Америка, под заштита на Унасур, може да се активира повторно со поддршка на Боливија, Аргентина, Венецуела, Суринам и Еквадор, само ако работите се променат, потврди лидерот на боливиското Движење кон социјализмот (МАЅ).

„Преку Унасур ќе може уште повеќе да се зајакне Заедницата на Латиноамерикански држави и Карибите (Celac)“, изјави Моралес, осврнувајќи се на овој политички простор за дејствување создаден во декември 2011 година. Заедно со претседателот на Венецуела Николас Мадуро го дискутирале ова прашање за време на кратката посета на Ево во Венецуела, минатиот викенд.

На нашите состаноци најмногу се задржуваме на ова; пред сè разговараме за интеграцијата на нашата Јужна Америка и не сме далеку од нејзино остварување“, смело изјави Моралес.