Како сме се ослободиле претходно така ќе се ослободиме и сега
11 Октомври е светла дата во македонската историја која сега, во 2020 година, ја одбележуваме во мрачно време. Тоа е светла дата затоа што е симбол за континуитетот на илинденските борбени традиции и континуитетот на борбените традиции генерално на македонскиот народ. Тоа се традиции кои од секогаш биле слободарски.
Нашите предци за време на Илинден се бореа под девизата “Слобода или смрт”, а предците за време на НОБ се бореа под девизата “Смрт на фашизмот, слобода на народот”. Никогаш македонскиот народ не се борел за милитаризам, империјализам и за некого да пороби.
Денес шака политичари болни за власт ја погазија слободарската традиција на македонскиот народ и Македонија ја направија слуга на империјалистички, милитаристички и поробувачки интереси на светските поробувачи. Затоа е ова мрачно време и денес во мрачно време го одбележуваме овој датум.
Но не сме прв пат под окупација. Како сме се ослободиле претходно така ќе се ослободиме и сега. Ќе изгрее над Македонија пак сонцето на слободата. Честит 11 Октомври и слава на хероите.
СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!
Статус на Саше Јанчев – член на Централен Комитет на Левица.