Три децении самостојна држава…
Веќе ТРИ децении моќта внатре во Македонија ја делеа ДПНЕ, СДС на нашата земја и партии на албанците, десни, централни, леви, разни безобразни, сите заедно пропуштија да одговорат на предизвиците со кои се соочувавме на сите полиња. Власта и државата им служеа за реализација само за лични и групни цели. Сите институции на државните системи се употребени и злоупотребени.
Државата ни функционира по инерција, а и таа слабее, континурано се разградува уставниот поредок, па се доведовме до непрепознатливост со АСНОМ-ските темели. Време е македонското Собрание од зборџилница и циркузијада да се претвори во вистински законодавен, реформаторски и прогресивен дом.
Да го оставиме позади себе овој безидеен, безвредносен, јалов период, ова е врема кое бара нови прогресивни идеи, докажани и нови вредности, нови далекусежни визии, нови квалитетни, способни и чесни луѓе, сега е време за акција и промени.
На овие избори за македонското собрание може да се сруши стариот и потрошен политички поредок, заедно со неговите апологети, Време е револуцијата од улица успешно да се премести во институциите на македонската демократија. Сега е шанса да ги направиме тие промени, за да не доаѓаме повторно во исти ситуации да си кажеме дека повторно сме во лоша ситуација и како држава и како граѓани и како народ.
Многу ступидно би било да очекуваме промени на подобро со исти политички партии и личности, ако знаеја, сакаа и можеа имаа време да покажат и да се докажат, нивното време е одамна поминато, редно е и да им се каже и покаже дека се историја, а не иднина на Македонија.
ПАРТИЈАТА ЛЕВИЦА Е ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР НА ОВИЕ ИЗБОРИ!!!