АктуелноЛокално

Надлежните го блокираат барањето за референдум во Неготино

Иако жителите на Неготино собраа повеќе од доволно потписи за одржување на референдум, сепак надлежните не ја исполнија својата законска обврска и не дозволија одржување на референдум.

Најпрво, локалната самоуправа односно Советот на Општина Неготино долго време не го ставаше барањето на дневен ред, а на крајот и Државниот инспекторат за локална самоуправа ја потврди одлуката за неодржување на референдумот.

Она што предизвика најсилен револт и реакција кај нас е прогласувањето на некаква победа од страна на Претседателот на советот и други поединци! За референдумот кој е натпартиска граѓанска иницијатива вчера многумина партиски ликуваа и прогласија победа! Прогласија победа на неправото врз правото!

Победа над своите свесни граѓани на Неготино на кои им беше ускратено и елементарно повредено правото на референдум! Зошто прогласуваат победа? Кој е победник, а кој поразен кога се работи за нашето здравје? На крај, само ќе упатиме прашање: Што е најважно во животот? Дали партискиот интерес е поважен од здравјето на сите нас?” стои во соопштението на Ековита објавено на Фејсбук страната.

Во известувањето доставено од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа, а потпишано од директорот Сеад Садикоски се вели дека постапката на Советот е во согласност со законските решенија и со целосна поддршка од страна на сите членови на Советот на општина Неготино, вкупно 15.

Ова практично значи дека жителите на Општина Неготино не може да ја искажат својата волја за изградба на депонија во Неготино, а за тоа најмногу заслужни се советниците од редовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.