(Видео) Богевски: Тиранија е ако еден човек одлучува дали некоја иницијативата ќе биде прифатена или не

Советникот од редовите на Левица во Општина Кавадарци, Круме Богевски, во интервју за регионалната „РТК“ телевизија зборуваше за иницијативите поднесени од негова страна до општинските служби.

,,Секоја иницијатива е уредно подготвена и доставена до Архивот на Општина Кавадарци како би била обработена од надлежните сектори и ресорните комисии на Советот на Општина Кавадарци”.

Зборувајќи за иницијативите кои ги има поднесено, тој истакна дека дел од овие предлози се прифатени од страна на локалната власт, но воедно и посочи дека другиот дел од иницијативите се оставени некаде во фиока, алудирајки на тоа дека за нивното неприфаќање одлучува една личност.

,,Доколку иницијативата ја погледне само еден човек и ако смета дека нема потреба од реализација на истата, тоа е тиранија, таму исчезнуваат иницијативите. Левица следи правила, Левица соработува со сите органи во Општината, но исклучиво транспарентно и во интерес на граѓаните без задкулисни договарања.“

Во ова интервју, Богевски ги повика Кавадарчани нивните идеи за промена во Општината, да ги проследат и образложат, а тој како Советник, истите ќе ги обработи и во форма на иницијатива, достави до секторите на локалната самоуправа, Комисиите на Советот и Градоначалникот.