Црн петок, крвав петок

Угнетуваната работничка класа беше водечка во бројни револуции, борби и протести во минатото. Нивната подредена положба во однос на капиталистите, кои на нив гледаа само како на евтина алатка за збогатување и оплодување на својот капитал, беше клучна за бројни протести кои пред и после Првата Светска војна се случуваа во западните, индустриски сили.

Еден таков протест се случи во јануари 1919 година во Глазгов. Овој протест (познат и како Битката на плоштадот Св. Џорџ) бил протест организиран од гневните работници кои барале намалување на работната недела од 54 на 40 часа и намалување на стапката на невработеност.

Протестите од ден на ден добивале на масовност, па за неколку дена активно протестирале 90 илјади работници од кои 25 илјади се приклучиле на уличните протести. Весниците раководени од капиталистите пишувале дека станува збор за терористи, а државниот секретар за Шкотска, Роберт Мунро, го нарекол овој протест како болшевичко востание со цел да има покритие за употребата на воена сила.

Секојдневните протести поминувале со неколку лесно повредени работници, но најкрвав ден беше петок, 27 јануари. Токму поради тоа овој протест е познат и како “Црн петок” и “Крвав петок”. Откако претходниот ден на клучните позиции во Глазгов се трупала војска, на 27 јануари во 12 часот и 20 минути по локално време започнала големата крвава офанзива на војската.

12 илјади војници и шест тенкови биле потребни за војската да го заземе плоштадот, но тоа воопшто не било лесно. Храбрите работници со камења, метални шипки, но и празни стаклени шишиња фрлаа кон војската која беше немилосрдна. Употребата на сила резултираше со бројни, потешко и полесно повредени работници, но за среќа никој од нив не го загуби животот.

Работниците не се предавале, а нивната поддршка постојано растела. За да не ескалира ситуацијата и да се прошират протестите, Винстон Черчил во улога на државен секретар за војна и Роберт Мунро, државен секретар за Шкотска, ги повикаа претставниците на работниците на преговори. Протестите траеле се’ уште и конечно на 10 февруари ставен е крај на протестот.

Работниците добија намалување на работната недела за седум часа, но нивните водачи Вилијам Галахер, кој подоцна е еден од основачите на Комунистичката партија на Велика Британија, и Дејвид Кирквуд добија неколку месечни затворски казни.

Неколку години подоцна, популарноста на Независната Работничка партија значително се зголеми и истата, предводена од Мени Шинвел и Дејвид Кирквуд се избори за 40 часовна работна недела.