Став

„За Диктатура на Пролетеријатот на Балканот!“ – Марко Шовиќ

Во продолжение Ви го пренесуваме говорот (превод и оригинал) на другарот Марко Шовиќ одржан на првото редовно заседание на Пленумот на Левица (14.12.2019).

Драги другари и другарки,

Срдечно ве поздравувам сите и ви се заблагодарувам на можноста да учествуваме и да допринесеме во работата на овој Пленум, пленумот кој го носи признакот на единството на партијата, пленум кој сметаме дека е од исклучителна важност.

Дозволете ми, по емотивниот настап на Коста, и формално да се претставиме. Другарот Ристиќ и јас сме долгогодишни учесници во комунистички и левичарски иницијативи, а денес овде настапуваме во име на иницијативата за формирање на комунистичка партија во Србија, партија на широк борбен фронт – како што е македонската Левица.

Јас не би трошел зборови опишувајќи ја политичката ситуација во Србија, како да е некоја егзотична земја која вам ви е непозната. Во Србија, како и секаде низ Балканот, сите ги гледаме погубните последици на капитализмот кои се манифестираат во огромна социјална нееднаквост, назадување, ликвидирање на индистриските капацитети, вазалство и во јасните класни антагонизми.

Сега нас не’ убедуваат дека политиките и начинот на работа со кои ја изградивме земјата и се во неа – се невозможни и надминати. Со разни ликвидаторски дофрлања од сите страни пробуваат на левицата да и го одземат правото на постоење, но реалноста секојдневно го потврдува фактот дека левицата е единствената можна политика и едниствената реална политика во епохава.

Случувањата во вашата партија ги сметаме за квалитативен исчекор во однос на левичарското движење на Балканот. Затоа ние сакаме да научиме од вас! Тој голем чекор напред се потврдува во овој пленум на македонската Левица – со воведување на демократски централизам како статутарен организационен принцип, раскрстување со фракционерството и создавање основа за развиен програм на новиот социјализам.

Вие сега се подготвувате да ја предводите борбата, на национално ниво, против империјализмот и сите негови милитаристички, шовинистички и националистички експоненти во Македонија. Затоа вие, другари, треба отворено да настапувате и треба да си објавите и себеси и ним – дека се борите за национална власт!

Каква е таа власт? Таа е суверена власт на работничката класа над земјата и над средствата за производство. Тоа е диктатура на пролетеријатот. Тоа е социјализам. Само диктатурата на пролетеријатот е спас од војна, само таа е спас за земјите и народите од социјален хаос и катастрофа, само власта на работничката класа може да ја спаси нацијата!

Примерот на СИРИЗА јасно покажува дека левицата е иднината на Балканот, дека левицата може да се бори успешно за власт – но во исто време тој пример покажува дека борбата не смее да се заврши со социјалдемократски барања, туку дека мора да има јасни програмски и принципиелни барања за изградба на социјализам.

Единствениот начин да се застане вистински на патот на понатамошното подривање на социјалната правда е токму социјализмот. Единствената принципиелна антиимперијалистичка борба е токму борбата за социјализам. Единствената гаранција за мирот и за братството на народите е токму социјализмот!

За крај би сакал уште еднаш да го истакнам значењето на овој пленум. Ова е пленумот на единството. Ние денес праќаме јасна порака кон сите политички противници дека Левица е обединета и дека не си оди никаде, туку напротив, тек доаѓа.Ние праќаме јасна порака дека ова е неосвојливиот Генералштаб на револуцијата! Левица делува, новата генерација настапува!

Да Живее обединета Левица!
Да живее обединета Македонија!
Да живее новиот социјализам на Балканот!


Drage drugarice i drugovi,

Sve vas srdačno pozdravljam i zahvaljujem se na prilici da učestvujemo i doprinesemo radu ovog Kongresa, kongresa jedinstva partije, koga smatramo izuzetno značajnim.

Dozvolite mi da nas, nakon srčanog Kostinog nastupa, sada i formalnije predstavim. Drug Ristić i ja smo dugogodišnji učesnici komunistički i levičarskih inicijativa, a danas ovde nastupamo u ime inicijatvne grupe za stvaranje komunističke partije u Srbiji, partije širokog borbenog fronta – poput makedonske Levice.

Ja ne bih trošio reči u opisivanju političke situacije u Srbiji, kao da je to neka egzotična zemlja, vama nepoznata. U Srbiji, kao i svuda na Balkanu – svi vidimo pogubne posledice kapitalizma koje se ogledaju u ogromnoj socijalnoj neravnopravnosti, nazadovanju, likvidiranju industrijske proizvodnje, sluganstvu – u jasnim klasnim suprotnostima.

Sada nas ubeđuju da su politika i rad sa kojima smo izgradili zemlju i sve u njoj – nemogući i prevaziđeni. Raznim likvidatorskim nasrtajima sa svake strane pokušavaju da levici oduzmu pravo na postojanje, ali realnost svakodnevno potvrđuje da je levica jedina moguća politika i jedina realna politika epohe.

Dešavanja u vašoj partiji smatramo delom kvalitativnog iskoraka levičarskog pokreta na Balkanu. Zato mi želimo da učimo od vas! Taj veliki korak napred potvrđen je i ovim kongresom makedonske Levice – uvođenjem demokratskog centralizma kao statutarnog organizacionog principa, raskidanjem sa frakcionaštvom i stvaranjem osnove za razvijeni program novog socijalizma.

Vi se sada spremate da predvodite borbu, na nacionalnom nivou – protiv imperijalizma i svih njegovih ratno-huškačkih, šovinističkih i nacionalističkih eksponenata u Makedoniji. Zato vi, drugovi – treba otvoreno da nastupate, treba da objavite i sebi i njima – da se borite za nacionalnu vlast!

Kakva je to vlast? To je suverena vlast radničke klase nad zemljom i sredstvima za proizvodnju. To je diktatura proletarijata. To je socijalizam. Samo diktatura proletarijata spašava od rata, samo ona spašava zemlje i narode od socijalnog haosa i katastrofe – samo vlast radničke klase može spasiti naciju!

Primer SIRIZE je jasno pokazao da je levica budućnost Balkana, da levica može da se bori za vlast – ali ujedno taj primer pokazuje da borba ne sme da se završi u socijaldemokratskim zahtevima, već da mora imati jasan programski i principijelni zahtev za izgradnjom socijalizma.

Jedini način da se zaista stane na put daljem narušavanju socijalne pravde jeste socijalizam. Jedina principijelna antiimperijalistička borba jeste borba za socijalizam. Jedini garant mira i bratstva naroda jeste socijalizam!

Na kraju želim da još jednom istaknemo značaj ovog kongresa. Ovo je kongres jedinstva. Mi danas šaljemo jasnu poruku svim političkim protivnicima da je Levica ujedinjena i da ne odlazi nigde, već naprotiv, tek dolazi. Šaljemo jasnu poruku da je ovo neosvojivi generalštab revolucije. Levica deluje, nova generacija nastupa!

Živela ujedinjena Levica!
Živela ujedinjena Makedonija!
Živeo novi socijalizam na Balkanu!