АктуелноЛокалноОгледало

Владо Манчевски: Кон отворањето на Скопскиот Џез Фестивал

Еднаш го запознав демонот од Велестово, прилично таинствен карактер со истенчено чувство за реалноста. Бидејќи оттсекогаш ме фасцинирале карактери што оттскокнуваат од средината решив да минам некое време со него. Отткако го прашав зошто избрал да еволуира во демон тој со смиреност започна да ми раскажува детали од неговиот по многушто интересен живот. Додека ги плеткаше прстите и дуеше чудесни балончиња од плунка, ми раскажуваше за неговите амбиции и сновиденија. Отсекогаш мислев дека ќе станам космонаут-започна да беседи. И? Продолжував со прашањата врткајќи се околу него. – И станав космонаут . Но додека јас патував низ галаксиите приметив дека сите станале нешто, и едноставно сите професии и занимања беа зафатени, јас пак останав космонаут. Знаеш она: се враќаш на земјата и сваќаш дека сите станале: нешто: глумци –адвокати-музичари-комерцијалисти-писатели-лакеи-шофери-попови-лопови, а за мене едноставно не остана ништо… Па решив од космонаут да се сторам во демон.

-Демон?

Да демон. Немаше ниту една слободна професија, а јас веќе ја одбрав најтешката: Да станам космонаут, но тоа изгледаше како никого да не го фасцинираше. Никому не му беше важно што јас од мали ноги станав космонаут. Па така оддлучив повторно да изберам некоја тешка професија, всушност најтешката а таа беше токму оваа: да станам демон.И ете од ѕвездите стигнав до дупките на вулканите и длабокото подземје, ова македонсково во кое никој не те есапи. Ако ме разбираш?

Но, да започнам со отварањето на скопскиот џез фестивал. Простор МОБ. Пред влезот стојат веќе препознатливите стотинa насекаде видени. Настапуваат David Torn и помпезниот маг ( за кого и сум таму ) Fred Frith и неговото трио. I can hardly wait ( што би рекле срби ). Некаде помеѓу осум и четвртина се обидувам да се протнам помеѓу шпалирот на обезбедувањето кое што треба да остави импресии на некаква селска исфрустрирана елитна кгб агентура која што е одбрана да и служи на скоројоевиќ-ката елита и нејзините амбиции и снобовски да се соединува со интернационалниот скопски дипломатски хор, при тоа размислувајќи за ајварот. Некој треба да им го направи ајварот, а ете тие домакинки губат време на некој концерт. Кога доминираш финансиски и некој ти дозволил да станеш богат, потребен е и по некој софистициран излет-а зошто да не џез, нели? Иако чудната вистина говори дека кога некој оди на џез фестивал не се облекува во свадбарска руба, правиот креативен џез е создаден во најцрните дрогерашки дупки, места на кои непрестано престојува мрсулот на забеганоста и девијацијата. Џез е Кортесар, џез е дури и некој хероински шансоњер, џез е секој што не размислува конвенционално, а сепак има минимум музичка култура или недај боже душа. Облечен сум casual. На вратата ме загледуваат некогашни агенти на МВР па ме прашуваат за билет, правам неколку чекори и повторно двaјца слични на првиве ме застануваат и прашуваат повторно за билет? „Но овие пред вас се на неколку метра?„ им одговарам. Добивам чувство дека и самиот сум некаков космонаут паднат на земјата. Дали тоа овие скотови се изживуваат со мене и моите крваво заработени пари? Да скотовите во земјава се изживуваат со космонаутите бидејќи ништо друго и не им преостанува, тие се овдека да ја заштитат бурлескната криминална елита, поттпрдокот на некогашната нерафинирана селско-пролетерска еманација. Галериjа десно, ред XVII влегувам во салата. Смешно и чудесно, има голема бројка на публика, впрочем се прашувам колку време ќе издржат. Зад мене неколку млади кучки сликаат и ги постираат истите слики по социјалните мрежи. Пред мене неколку нетрпеливи дами плетат пајажина меѓу нозете, имам чувство како да сум во една од оние серии „сексот и градот„ иако знам дека во овој град никој не се ебе… Нема фрикција меѓу егата, нема ерос, само рекогниција на анималноста. Сите го чекаат принцот на бел коњ со алат од магаре. Помалку сексистички нели?

И ете David Torn започнува со неговата музичка мисија. David се пофали дека го однеле некаде, претпоставувам Матка или некоја друга чудесна изгубеност на невините фиромејски природни убавини. Тоа е најувабавото нешто во овој метеж од град- лесно моќе да се избега од локалната шизофрена девијантост. David го игра тешкото со копчињата и помалку туробно и вознемирувачки ја внесува скопската публика во амбиентално-филмски вртлози. Понекогаш солидноста не е доволна па бравурата врз инструментот знае да стане мачна, сам човек на сцена е многу захтевна положба. Изведувачот треба да биде и продуцент и stage мајстор, музичар и говорник. Веќе на половина концерт слушам веднаш до мене: Уфффф! Изго`ре ми ги уши… а сопатничата му одговара. Псссст… Буди стрпљив Миљко, е… туј мора да издржимо, не сме се вид`еле једну годину, туј смо за да се тешамо с`с политичаре. Да уѓемо у политику бе! На средина од перформаност гитарата на David започнува да коле мали прасиња, летаат скали, ефекти, созвучија кои бамборат како да се снимени за некој излуден хорор или документарец за Фукушима во кој целото човешто набргу го oчекува помор. Неколку фаци збеснуваат, но сепак на некој начин тие мора да издржат. А јас и понатаму се забавувам од таа смешност и тривијалност. Нешто пред мене една загреана средовечна домакинка со раширени нозе и отворена фејсбук страница забележува: Уххх закла ги прасиќе овај? Веднаш потоа дојдоа на ред распнување на мачки, па пристигнаа хеликоптери, и на самиот крај вонземјани излетаа од гитарата на David Torn. David ( веројатно и самиом збунет од присуството на толкав број на публика ) збајати подолго време со неговите експерименти – симнување -искачување по скали. Во вториот дел од концертот на David елегично да черечеа гуштери и крокодили. Неколку мачки излетаа испалавени и вознемирени од завесите на сцената. Скопската музичка тајфа пак те скандираше те се воодушевуваше од неговите нечовечки бравури и вртења по еден сложен апарат со копчиња и палета од педали со ефекти. Впрочем како што и самиот David кажа се работи за импровизација која што е инспирирана во мигот. А мигот е доживувањето на David Torn. Листата на соработници на David Torn е импозантна ( како што впрочем и самиот Белопета најави ). Да не заборавиме слоганот на овој Џез фестивал е: „вие имате пари а ние ќе ве едуцираме„. Само кого се прашувам… Дали шупелката станува флаута? Не. David е сериозен музичар пристигнат во една уште посериозна калакурница и тој се забавува, иако имам чувство дека е подобар на како студиски музичар оттколку како конерт мајстор. Последниот албум Only Sky е полн со некаква вонземска сензибилност. Како Варез да го среќава Шопен на трип во Андалузија.

Долгото експозе на David Torn завршува, на самиот крај следи сентиментална гитарска структура, сега веќе среќната публика истрчува пред објектот да промуабети и да се види кој е кој во северно македонскиот амбиент на „успешни луѓе„. Очигледно местото не ми е тука. Сега веќе демонот од Велестово во мене започнува да спелува тајни магијски формули, клетви излеани како пролетниот вардарски наплив на канализацијки смет и мртви животни, крави-магариња-по некоја стерилна мачка и измет, човечки измет-палми-урина-фекалии под моствите-мртва`чка пот го облева центарот на овој град забележувам. Град што стенка од претенциозна недовршеност и разлуденост од кромањонскност и дивјачки желби, страсти што треба да бидат убиени после напорниот концерт на David Torn. Следи право уживање со пристигнувањето на „Мајсторот„ –Frith Fred. До мене седи еден млад ентузијаст и тој приметува дека е Fred е како гинеколог на гитара, навистина Fred Frith е врвниот гитарски гинеколог се согласувам со него. На сцената излегува со басистот Jason Hoopes и неверојатно софистицираниот тапанар Jordan Glenn. Скромни неверојатно надарени млади луѓе. Како во „Bones to Pick with Graveyards„ уживам во раскошот на магијата. Секој тон се прелева со високо сконцентрирана енергија, секоја нота е како квинтесенција на бука впечатена во музика, исто како да се работи за највпечатливата мантра на овој хаотичен свет-киртан на чуствата. Ако постојат ефекти тие се измислени за Fred Frith. Триото започнува со хармонска течност во прогресивен манир и ја плете сказната на волшебноста, со сложени ритмички финеси и абривации. Со мимики на опевање за болката и крикот на душите. Џез во самото јадро на џезот, Мислам дека и самиот Сибелиус би посакал да ги слушне овие суптилно исцедени дисонатности од звуци, ноти и хармонии. Тоа што е убаво кратко трае и нема бис, Fred не поднесува свадби, јас уште помалку. Ете се едуциравме на џез фестивалот. А, по пат палмите ги нишаа своите гранки долу покрај онаа река Вардар. Октомври ќе биде значително топол месец. Уште неколку денови чудесно лето… Bones to Pick with Graveyards.


Преземено од ФБ статусот на Владо Манчевски.

Џез за почетници и лижавчиња за самовили ( едукацијата трае цел живот )Еднаш го запознав демонот од Велестово,…

Публикувахте от Vlado Manchevsky в Неделя, 20 октомври 2019 г.