Левица: Општината ги крие оценките за учинок на општинските инспектори

  • Реакција на Левица – ЛО Прилеп

На нашето барање да ги добиеме оценките за учинок на сите инспектори во Општина Прилеп, од прилепската општинска администрација ни беше одговорено дека со ова барање, мотивот на барателот да ја добие информацијата ќе го НАРУШИ ИНТЕГРИТЕТОТ на службеното лице!

Со други зборови, објавувањето на оваа информација ќе делувала на начин што ќе бил нарушен интегритетот на инспекторите!

Во законот за инспекциски надзор се вели дека инспекторите во општините во текот на нивната работа, врз основа на постојано следење на нивниот учинок, секоја година треба да се оценуваат најдоцна до 31 јануари во тековната година, за претходната година во согласност со закон за инспекциски надзор.

Оценувањето на учинокот на инспекторите го врши непосредно претпоставениот раководител. Ова оценување на учинокот на инспекторите се врши врз основа на податоци што се однесуваат на резултатите од нивната работа и личните квалитети што ги покажале во текот на работењето.

Резултатите од работата на инспекторот и личните квалитети, се оценуваат врз основа на критериуми за успешност на инспекторот од член 59 од овој закон, со што најдоцна осум дена по спроведеното оценување, директорот односно раководителот на инспекциската служба донесува решение за годишна оценка на инспекторот.