АктуелноЛокално

(Фото) Кандидат за пратеник од ЗНАМ ги нарекува луѓето со инвалидитет „сакатури“

Кандидатот за пратеник на партијата ЗНАМ и таканаречен „Инфлуенсер“, Божидар Божиновски, предизвика бурни реакции во јавноста со своите груби и навредувачки коментари. Во објава на социјалните мрежи, Божиновски ги нарекува луѓето со инвалидитет „сакатури“, коментар што предизвика остра критика од страна на активистите и заштитниците на правата на лицата со инвалидитет.

Во одговор на објавата, Бранкица Димитровска, жена со инвалидитет и долгогодишен активист за правата на лицата со инвалидитет, му порача на Божиновски: „Пази се, Божидаре, животот е тркало – денес одиш, утре те туркаат.“, додека поединци на социјалните мрежи ги повикуваат надлежните институции да преземат соодветни мерки против ваквите груби и недолични навреди.

Граѓаните, како и организации за заштита на правата на луѓето со инвалидитет, го осудуваат овој вид на говор на омраза го нарушува достоинството на цела група граѓани.

Ваквите изјави не само што ја нарушуваат етичката норма во политиката, туку имаат и потенцијал да го зголемат социјалниот раздор и да создадат дополнителни тензии во општеството.

Надлежните институции треба да реагираат на ваквите случаи на еклатантен говор на омраза кон лицата со инвалидитет.