Левица Кичево: ДПМНЕ и Јаќимоски да одговорат – Кога ќе биде готова новата болница во Кичево?

Левица – Кичево, која повторно ги повикува ДПМНЕ и градоначалникот Јаќимоски да дадат конкретен одговор кога ќе биде завршена новата болница што им беше ветена на граѓаните.

Граѓаните на Кичево, по 39 години чекање, сè уште немаат одговор на клучното прашање: кога ќе биде завршена новата болница што беше ветувана од страна на политичките партии, вклучително и ДПМНЕ?

Изградбата на новата болница започна уште во 1989 година, но до денес не е завршена. Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека објектот ќе биде завршен за 18 месеци, но реалноста е далеку од тоа. Последните информации укажуваат дека изградбата е во застој, а старите објекти се во лоша состојба, со застарена опрема и долг од речиси 12 милиони евра.

Граѓаните на Кичево заслужуваат одговори. Затоа, ги повикуваме господинот Јаќимоски и ДПМНЕ повторно да излезат со прес-конференција и да кажат кога ќе биде готова новата болница, како што ветуваа не така одамна.

Може да ве интересира