По повод 12 мај – Светскиот ден на сестринството, Здравствениот сектор на Левица упатува искрена честитка до сите медицински сестри, кои со својата посветеност, знаење и хуманост се темел на здравствениот систем. Тие се тивки хероини и херои на секојдневието – присутни во сите здравствени установи, подготвени да помогнат во најтешките мигови, со грижа која ги надминува професионалните обврски и станува животна мисија.
„НАШИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ – НАШАТА ИДНИНА, А ГРИЖАТА ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ – ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА
Медицинската сестра – нежна рака што те во води во грижата за подобро здравје.
Здравствениот сектор на Политичката партија Левица испраќа честитка по повод одбележувањето на 12 мај, Светски ден на сестринството, иако знаеме дека за медицинските сестри нема празник, секогаш се на барикадите за подобро здравје и благосостојба на секој од нас.
Од Флоренс Најтингел до денес, во мир, но и во војни, епидемии и катастрови – респект за сите медицински сестри.
Професијата на сестрата ги спојува науката и уметноста во грижата за здравјето и се фокусира на промоцијата, советуваањето, заштитата и оптимизацијата на фуннкционирањето на здравјето на секој поединец, превенција на болестите и повредите, олеснуваање на заздравувањето, ублажување на страдањата преку постојано присуство и пристап со емпатија и разбирање. Таа е нежната рака што не води кон подобро здравје.
Сестрите се незаменлив дел во сите специјалности во здравството, носејки голема одговорност во грижата за здравјето и организирање на здравствената нега. Тие не се само негувателки, туку се образован медицински кадар, образован во се повисоки степени на здравствената едукација, носителите на се повеќе специјализации во различни области. Тие се очи и уши на лекарот, неговата десна ракаа, тие го набљудуваат пациентот, ги проценувааат неговите потреби, ги слушаат неговите поплаки и веднаш реагираат, било самостојно, било кај лекарот сугерирајки дека нешто одстапува во третманот или во очекуваниот развој на болеста.
Овогодинешниот наслов „Нашите медицински сестри – нашата иднина, а грижата за медицинските сестри ја зајакнува економијата“ нагласува колку е клучно да се промовира здравјето и благосостојбата на медицинските сестри, но и колку е важна здравата медицинска работна сила за обезбедување висококвалитетна нега, како и за подобрување на системот за здравствена заштита и зголемување на економската отпорност.
Темата на оваа година бара итно финансирање и изводливи решенија за да се заштитат медицинските сестри од емоционални, ментални и физички потешкотии додека се обезбеди статус преку кој се почитувани, ценети и поддржани. Со имплементирање на благосостојбата на медицинските сестри, здравствениот систем може да ги подобри резултатите во заедницата и да се создадат поодржливи економии.
За жал, се повеќе недостасуваат сестри и во светот, а особено кај нас. Затоа Здравствениот сектор на Левица продолжува да се бори за инвестирање во сестрана, сеопфатна и континуираана едукација на сестринскиот кадар, да се наградуваат со соодветни плати за нивниот труд, за да ги задржиме оние кои ги имаме во професијата, но и да привлечеме нови кои ќе сакаат со љубов да ја работат оваа хумана професија.“
Честит ден на сестринството и од нашата редакција.
Вашиот труд е непроценлив, вашата грижа е столб на општеството, а вашето достоинство заслужува целосна поддршка. Продолжуваме гласно и бескомпромисно да се бориме за вашата професионална афирмација, подобри услови за работа и праведна заработка. Вие сте нашата иднина – и затоа борбата за вас е борба за подобро општество!
Следи го Антропол преку Google 
