АктуелноИнтернационално

Апасиев во Москва по официјална покана за прославата на Денот на победата над фашизмот

Лидерот на партијата Левица и пратеник во Собранието на Македонија, Димитар Апасиев, потврди дека престојува во Москва по официјална покана од руските власти за учество на свеченостите по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.

Апасиев на своите профили на социјалните мрежи објави фотографија од поканата за присуство на воената парада што традиционално се одржува на Црвениот плоштад. Со тоа тој ја потврди информацијата за неговото присуство во Русија.

Во свој стил, Апасиев ја искористи приликата и за политичка иронија, објавувајќи:

Некој од задњи ред кај Трамп, некој со официјална покана за воената парада на Црвениот Плоштад. #Антифашизам

Присуството на Апасиев на овој настан доаѓа во контекст на континуираната поддршка на неговата партија за антифашистичките вредности и честото критикување на надворешната политика на македонските власти, особено во вазалскиот однос на Западот.

Настанот во Москва се одржува под високи безбедносни мерки, а годинава се одбележуваат осум децении од победата на сојузниците над нацистичка Германија.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост: