Полицијата го уапси новинарот Фуркан Салиу

Новинарот Фуркан Салиу, кој деновиве беше во центарот на аферата со наводните планови на ВМРО-ДПМНЕ за лажни анкети и лажни вести, денеска е приведен за време на фудбалски натпревар во селото Коњаре.

Според изјави на членови на семејството за некои медиуми Салиу заедно со неговиот снимател го следел фудбалскиот натпревар при што полицијата тргнала да апси младо момче. Салиу им се спротивставил и почнал да ги прашува зошто го прават тоа, по што бил совладан и приведен. Фуркан во моментов е во полициска станица.