АктуелноЛокално

Апасиев: Деловникот дозволува, совеста забранува – зошто мајките од Кочани не се во Собранието?

Пратеникот Димитар Апасиев преку објава на Фејсбук побара институционална доблест и минимум човечност од власта. Апасиев, повикувајќи се на Деловникот на Собранието, јавно праша зошто овие мајки не би биле пуштени да ја следат интерпелацијата на министерот Тошковски – човекот што токму тие го посочуваат за селективна истрага.

„Согласно Деловникот на Собранието, граѓанин може непосредно да ја следи пленарната седница од Галеријата. Зошто денес да не ги пуштиме МАЈКИТЕ на загинатите деца од Кочани кои протестираат во Скопје, во живо да ја следат интерпелацијата на министерот за внатрешни работи (кој го посочуваат за селективна истрага)?“ – напиша пратеникот Димитар Апасиев, отворајќи прашање што сече директно во срцето на институционалниот срам.

Ова не е само формално барање. Ова е повик на совеста на оние кои во Собранието седат за плата, а не за народ. Ако мајките што денес ги прелеваат улиците на Скопје со болка и барање правда не можат да седнат во Галеријата – тогаш таму нема што да бара никој. Се друго е фарса, лицемерие и доказ дека власта е глува, слепа и бездушна.

Z P

Zvezdanka Pesikj