Во собранието се спроведе првата Надзорнa расправа за аерозагадувањето
На денешната Надзорна расправа за аерозагадувањето се разви широка и конструктивна дискусија, каде претставници од граѓанскиот сектор, еко-активисти и институциите имаа можност да се обратат.
Во самата расправа учество земаа претставници од Здружението на млади правници, невладината организација ,,Еко свест”, ЕГ ,,Грин Пауер”, како и членови на ,,О2 Иницијатива”. Граѓанскиот сектор нотира дека недоставуваат стратешки документи за справување со аерозагадување, иако институциите се должни истите да ги изработат. Отсуството на политичка и правна одговорност за централната и локалната власт, несоодветни капацитети на обвинителствата за справување со кривичното дело “ЕКОЦИД”, како и слабото постапување на судовите во делот од еколошкиот криминал – се само дел од институционалните проблеми.
На надзорната расправа свое обраќање имаше и поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина – Ана Петровска. Во своето стручно и исцрпно обраќање, таа особено го нотира проблемот со увоз и горење на нафтени деривати, затоа што институциите немаат капацитет за соодветна контрола на овие енергенси. Петровска потенцира дека итно и неодложно е потребно донесување на:
- Закон за контрола на индустриските емисии кој е веќе во нацрт-форма;
- Протокол за контрола на горивата.
Иако на надзорната расправа за аерозагадување уредно беа поканети премиериот Христијан Мицкоски, министерот за животна средина Изет Меџити и заменик-министерот за животна средина Ане Лашоска, истите не присуствуваа на денешната расправа.
Како резултат од успешно спроведената надзорна расправа, во периодов кој престои ќе бидат дефинирани заклучоци кои произлегоа од обемната дискусија – како обврска за спроведување од страна на надлежните институции, соопштија од Левица.