АктуелноЛокално

Карапејовски во 2018 барал намалување на патните трошоци – Денес не го поддржа предлогот на Левица!

Пратеникот од ЗНАМ, Бобан Карапејовски, во 2018 година барал почитување на Законот и намалување на патните трошоци, но денес од позиција на пратеник не гласаше за намалување на патните трошоци.

Предлог-измените на Законот за пратениците кој беше поднесен од Левица не беше изгласан на денешната собраниска седница, а пратеничката група на ЗНАМ, од која дел е и Карапејовски, не го поддржа предлогот за намалување на патните трошоци.

Еве што мислел Карапејовски во 2018 година.

Пратениците од ЗНАМ не гласаа за законот за патните трошоци на пратениците да се најде на дневен ред.