Мојсоска со пратеничко прашање до Изет Меџити за асфалтната база во Кичево
Народната пратеничка на Левица, Јована Мојсоска на социјалните мрежи го објави пратеничкото прашање до Изет Меџити за асфалтната база во Кичево.
Денес поднесов писмено пратеничко прашање до министерот за животна средина – Изет Меџити поради изградба на асфалтна база во еден од најзагадените градови во Македонија, Кичево.
Оваа асфалтна база е изградена на местото каде што требаше да има фабрика за биогас, барем така ветуваше Фатмир Дехари од ДУИ. Жителите од Кичевско веќе 2 години протестираат против оваа база и поднесуваа барања за инспекциски надзор – затоа што асфалтната база е на само неколку метри од населените куќи. За да почне со работа оваа база, министерството на Меџити мора да издаде А-интегрирана еколошка дозвола, на што мора да претходи јавна расправа.
Дали борбата меѓу ДУИ и Вреди е само за во јавност, додека заеднички си спроведуваат штетни проекти – ќе зависи од тоа дали оваа асфалтна база ќе добие амин да ги труе кичевчани.