(Видео) Путин и Си Џинпинг разговараа само неколку часа по инагурацијата на Трамп
Рускиот претседател Владимир Путин оствари видео-повик со кинескиот претседател Си Џинпинг во кој тој предложи понатамошно развивање на нивното стратешко партнерство, само неколку часа откако Доналд Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на САД. Путин му се обрати на Џипинг со „драг пријателе“ и рече дека сака да ги претстави „новите планови за развој на руско-кинеското сеопфатно партнерство и стратешка соработка“.
„Се согласувам со вас дека соработката меѓу Москва и Пекинг се заснова на широко заедништво на националните интереси и сличност на ставовите за тоа какви треба да бидат односите меѓу големите сили“, му рече Путин на Си. „Ние ги градиме нашите односи врз основа на пријателство, взаемна доверба и поддршка, еднаквост и взаемна корист. Овие односи се самодоволни и не зависат од домашните политички фактори и актуелната глобална ситуација.
Си одговори дека двете страни треба да продолжат да ја продлабочуваат стратешката соработка, цврсто да се поддржуваат меѓусебно, да ги штитат легитимните интереси на двете земји, да ги консолидираат и прошират билатералните односи и да ја унапредуваат практичната соработка.
Соединетите Држави ја сметаат Кина за свој најголем конкурент, а Русија за најголема закана за националната безбедност. Поранешниот американски претседател Џо Бајден рече дека светските демократии се соочуваат со предизвик од „автократиите“ како Кина и Русија.
❗️Putin and Xi smile and wave to each other in video call meeting pic.twitter.com/jf2zZjAbOO
— RT (@RT_com) January 21, 2025