(Фото) Црвена Младина: Катастрофална состојба на НУБ „Св. Климент Охридски“ на 80 годишнината од нејзиното постоење
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ иако во катастрофална состојба, вчера славеше 80 години постоење со свечена прослава, а студентите не можат да учат во читалните поради лошите услови. Левица и Црвена Младина бараат оваа институција да не се злоупотребува за политички пазар, како што се случува со многу други државни институции.
Бараме детална ревизија на финансиското работење на НУБ додека директорувал Фримзим Даути и за евентуална злоупотреба на службената положба или недозволено трошење средства.
Властите треба да престанат да мачкаат очи со празни свечености и да се посветат на вистински решавање на проблемите. Реконструкцијата на НУБ мора да биде приоритет, а одговорноста за оваа состојба треба да се бара од оние кои ја доведоа институцијата во ваква ситуација, соопштија од Црвена Младина.