Јанков: Покрај сите забрани и поднесени кривични пријави, кај поранешно „Беко“ повторно се гради

„По којзнае кој пат, и покрај сите забрани и поднесени кривични пријави, кај поранешно „Беко“ повторно се гради. Пред очи на граѓаните, општината, инспекцијата, но и на неколку десетици метри од активна полициска станица!

Но, зошто воопшто се дозволи да се сруши „Беко“, еден од белезите на Центар и проект на арх. Мимоза Несторова – Томиќ? Зошто објектот, иако во приватна сопственост, не беше прогласен за споменик на културата и ставен под заштита?

Во оргиналниот проект, на местото на сегашната полуактивна катна гаража залаепна до самата ул. Даме Груев со минимален тротоар, со компатабилна намена на деловни протории во приземјето, кои се во очајна состојба иако се работи за нов објект, требаше да има уште два објекти идентични на Стоковна куќа „Беко“. Наместо нив, го изгубивме Беко поради впишување на 4 пати поголем габарит во деталниот урбанистички план, а истито се сруши под изговор дека имал проблем со статиката. Наместо лендмарк и функционална архитектонско-урбанистичка целина, поради задкулисни лукративни игри, ја имаме сегашната сосотојба.

И сите молчат, креваат раменици и се прават ненадлежни! Тоа е уште еден доказ дека нештата треба да се менуваат, дека е време за нови луѓе на клучни позиции во општината!“

  • Фејсбук статус на Андреа Јанков – Кандидат за градоначалник на Општина Центар