(Видео) Јанчев: ДПМНЕ и ЗНАМ со законски измени ќе го доуништат земјоделското земјиште
Пратениците во Собранието на Република Македонија од владејачките партии на ДПМНЕ и ЗНАМ поднесоа предлог измени на Законот за земјоделско земјиште, со намера да ја пролонгираат законската заштита на плодното земјоделско земјиште од пренамена во градежно – а со цел негова идна бетонизација.
Постоечкиот Закон за земјоделско земјиште предвидува низа услови со кои се штити земјоделското земјиште од негова пренамена во градежно и од негова бетонозација. Со предлог-измените на власта се предлага тие заштитни мерки да имаат одложено дејство, односно да важат од 2026 година.
Пратеникот од Левица – Сашко Јанчев во своето обраќање потенцира дека тоа е со цел до 2026 слободно да се бетонизира земјоделското земјиште.
Затоа измените на Законот за земјоделско земјиште не смеат да поминат, а дивата урбанизација мора да биде спречена, изјави паретникот од Левица.