АктуелноИнтервју

Интервју со Пипија: Потребна е соработка помеѓу работничките организации од Грузија и Македонија

  • Интервју со лидерот на Обединетата комунистичка партија на Грузија – Темур Пипија:

Во татковината на Јосиф Висарионович Сталин можноста за работничко здружување е исклучително тешка поради тнр. Повелба за слобода донесена во 2011 година од страна на тогашниот Претседател Михаил Сакашвили според која комунизмот е изедначен со нацизмот и фашизмот.

  • Иако прозападниот лидер веќе долго време не е на власт, овој закон е и натаму на сила но не се применува од страна на партијата Грузиски сон која со земјата владее уште од 2012 година.

Ова во голема мерка влијае за можноста за формирање работнички организации и партии, но ние и покрај формалната забрана успеавме повторно да ја регистрираме нашата партија.

Вака фактичкиот лидер на Обединетата комунистичка партија на Грузија Темур Пипија ја опишува политичката состојба во Грузија во која неодамна се одржани парламентарни избори на кои прозападната опозиција доживеа уште еден дебакл.

  • Понатаму бевме воведени во историјатот на работничкото движење на пост-социјалистичка Грузија и самото функционирање на ОКПГ.

Земјата во 1991 година стана независна при што дотогаш владејачката комунистичката партија беше расформирана а нејзиниот имот беше запленет. Голем дел на комунистите во тој период веруваа дека регресијата во капитализам е само краткотрајна минлива фаза и дека социјализмот набргу повторно ќе се востпостави – што сметам дека е заблуда настаната поради догматско размислување и таа грешка нѐ чинеше скапо.

  • Пипија кој партијата ја води од 2014 година се присети на раните денови на ОКПГ.

Сепак, во 1994 успеавме да се реорганизираме во рамките на Обединетата комунистичка партија на Грузија која во 2000 година брои над 80 илјади членови. Во 2004 година, на власт доаѓа прозападниот лидер Михаил Сакашвили после што се забранети називот, користењето симболи и формирањето организации кои имаат врска со комунистичката идеја при што ОКПГ отиде во илегала.

  • Во низа реформи, Сакашвили го смени и знамето и химната на Грузија и ја сврте земјата во насока на НАТО и Европската Унија кои ниту културно, ниту пак географски имаат нешто општо со оваа земја. Самиот Пипија продолжи да нѐ запознава блиската историја на Грузија како и околностите во кои функционира Партијата.

Сепак, после поразот во конфликтот со Русија во областа Јужна Осетија во 2008 година, Сакашвили ја губи популарноста и во 2012 година е сменет од страна на надвирешно политички поумерената десничарска партија “Грузиски сон” која, иако претставник на грузиската крупна буржоазија, се труди да балансира помеѓу Русија и политичкиот Запад. Законот на Сакашвили тогаш престанува да се применува и ОКПГ се враќа на сцената и се реорганизира. Како пријателски работнички и политички организации почнуваат да функционират и Социјалистичката Платформа и неодамна формираната анти-воена партија Солидарност за мир која има и свој телевизиски канал. СЗМ допрва треба да почне да се организира на локално ниво. Социјалистичката Платформа има поврзаност и со работнички здруженија, особено во областа на рударството и членуваат во Континенталната група на рударската конференција.

  • Засилената русофобија по избувнувањето на руско-украинскиот конфликт во 2022 доведува до поларизација на грузискиот општество при што мнозинството Грузијци ја поддржуваат неутралната политика на Грузискиот сон, додека пак прозападната опозиција се обидува да ги заостри односите со Русија не плашејќи се да предизвика потенцијален конфликт помеѓу двете земји. Опозицискиот евроатлантски фундаментализам е погубен што можеме да го уочиме и според приликите во Република Македонија по чиј пример е јасно дека во последната деценија формалното или неформално членување во НАТО и влегувањето во конфликт со Русија е conditio sine qua non за земјите кои аспирираат да станат членки на ЕУ.

Вплеткувањето на Политичкиот запад во кавкаското подрачје може да доведе до нарушување на односот на сили во овој регион. Ние имаме независна надворешна политика и уникатни решенија за иднината на Кавкаскиот регион. Меѓу нив е и Регионалната платформа 3+3  според кој стабилноста на регионот ја гарантираат три големи регионални сили меѓу кои Иран, Русија и Турција и трите кавкаски земји – Грузија, Ерменија и Азербејџан.

Иако различни, општествата на Балканот и на Кавказот имаат многу заеднички особини, а тука е пред сѐ културолошката разноликост која двата региона ги прави необично богати, но и ги претвора во мета на разновидни империјализми, кои имаат тенденција да капитализираат на продлабочувањето на појавните облици на припадност како што се јазикот, религијата и нацијата, а од друга страна занемарувајќи ја анти-империјалистичката борба и затскривајќи ја класната војна. Двете култури кои допрва треба да се запознаат сепак следат еден единствен пат кон социјализмот, а тој води преку мултиполарен свет во спротивност на хегемонијата на политичкиот Запад. 

  • На крај Пипија се осврна и на Македонија.

Треба се работи и на воспоставување на континуирана културна размена помеѓу нашите земји, како што веќе се прави размена на искуства кај работничките организации при што Македонија и Грузија би можеле една на друга да бидат потпора во сочувувањето на мирот и реализацијата на социјалистичките начела.