Промоција на книгата „Анатомија на небото“ од Борче Панов во КИЦ

На 25. октомври (петок),со почеток од 19:19 часот во Културно информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2 ќе се одржи промоција на книгата „Анатомија на небото“ од Борче Панов.

Промотор на книгата ќе биде Даниела Андоновска Трајковска.

„Анатомија на небото” од писателот Борче Панов е седумнаесетта по ред поетска книга. Пет книги од тие 17 се негови преведени книги во странство: „Честички хематит“ – двојазично на македонски и бугарски јазик – избор од дел од неговата поеизја, книгата „Вдах“ објавена на словенечки јазик во Марибор – Словенија, „Бријање балона“ – избор од неговата поезија на српски јазик во издание на УКС (Друштво на писатели Србија) Фотостихеза превод на неговата книга Глочка школка на бугарски јазик, „Крв која жонглира“ со осум илјади поетски мисли објавена во 2021 и „Подземно јаболко” на англиски и арапски јазик – и двете книги објавени во 2021.

Поетската книга „Анатомија на небото” содржи рефлексивна поезија за човекот и божествената креација. Во таа взаемна хуманистичко-деистичка врска се остваруваат сите реализации на индивидуализираното Јас кое е врзано како со папочна врвка со колективната свест, а неа колку што ја наследуваме толку и самите несвесно си ја спечалуваме во текот на нашите животи.

Борче Панов е роден во Радовиш. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје.
Член е на ДПМ, како и претседател на меѓународната книжевна манифестација „Караманови средби“. Неговата поезија е застапена во повеќе антологии и панорами на современата македонска поезија. Дел од неговата поезија е преведувана на англиски, германски, кинески, арапски, виетнамски и други. Застапен е во над 50 антологии и избори на поезија во светот