Како да апсат терористи – Полицијата не дозволува да се обнови црква во село Галате, Гостиварско!

Уште еден скандал го тресе тетовско-гостиварскиот регион каде денеска полицијата сакала да апси луѓе и не дозволува да се гради црква. Човекот во видеото вели дека полицијата не дозволува да се изгради црквата и дека сака да ги апси.

„Или сите ќе не апсите или ниеден“, вели гласот во видеото.

Како што видовте има големо полициско присуство, дури и од интервентна полиција…

Инаку се работи за црква запалена за време на војната во 2001 година, а луѓето на видеото се луѓе кои собрале средства и повторно сакале да ја обноват и осветат црквата.