Левица: Двата Илиндена се непокор

  • Соопштение на политичката партија Левица

Денес, делегација на #Левица, предводена од членот на Президиумот Амар Мециновиќ и членовите на ЦК – Дарја Мустафаоглу и Атанас Најдоски, положија свежо цвеќе на споменикот на Мечкин Камен и на гробот на македонскиот револуционер Никола Карев.

🇲🇰Двата Илиндена, од 1903 и 1944 се симбол на победата на македонскиот непокор.

На овој празник со длабока почит се потсетуваме на херојските визии и дела на нашите предци и на нивниот сон, остварен речиси еден век по првиот Илинден – суверена и независна Република Македонија.

Аманетот на илинденците е наша обврска – да го достигнеме нивниот идеал за стабилна и просперитетна Македонија.

Нека ни е вечен и честит Илинден!