АктуелноЛокално

На локалитетот „Тумба Маџари“ откриена фигурина од типот на „Голема Мајка“ и амфора

Најновите археолошки истражувања во неолитската населба Тумба Маџари која е лоцирана во општината Гази Баба, Скопје, се посебни за македонската археологија заради откривањето на нов сад-жртвеник со претстава на т.н. Божицата “Голема Мајка”. Оваа “Голема Мајка” се разликува од досегашните познати примери откриени на овој и другите локалитети во Скопскиот регион (како во с. Говрлево, с. Мршевци и с. Орман). Во текот на ископувањата се откриени остатоци од една или две куќи и во нив археолошки материјал кој бил дел од жителите на оваа населба, стара 8.000 години. Во следниот период истражувањата ќе се насочат кон добивање археоботанички и археозоолошки податоци, со што ќе се дополнат сознанијата за исхраната и економијата на нашите претци од оваа населба, и генерално неолитот на територијата на Македонија.

Археолошките истражувања се дел од Годишната програма за работа на Археолошкиот музеј во Скопје за 2024, финансирани од Министерството за култура.