Централна планска агенција ќе го реши деценискиот застој со инфраструктурата во Македонија
- Пишува: Марјан Димитриев – сектор Политичка економија
Државниот завод за ревизија согласно годишната програма за работа спроведе ревизија за успешноста на реализацијата на капиталните инвестиции во надлежност на централната власт и локалната самоуправа. Со ревизијата е констатирано отсуство на систем за управување со јавните инвестиции што предизвикува застој и бавна динамика на стратешките инфраструктурни проекти, зголемени трошоци за реализација на проектите и високи фискални ризици за јавните финансии, неостварен економски раст и неостварени цели за подобар квалитет на животот на граѓаните.
Не постои надзор над целокупното портфолио на јавни инвестиции на национално ниво, поради што не се следи и не се управува со целокупниот ризик во реализацијата со цел превземање на корективни мерки и намалување на можностите за идни финансиски импликации. Не постои единствена база на проекти каде што може да се видат капиталните инвестиции и стратешките проекти кои се реализираат, нивната вредност, динамика на реализација, начин на финансирање, вид на градба и други податоци и информации за потребите на државата и граѓаните.
Од вкупно 24 капитални проекти вредни 4 милјарди евра за пет проекти иако подготовките се започнати пред повеќе години се’ уште нема склучено договори за градба. За останатите 19 проекти биле потпишани договори во вредност од над 2,7 милјарди евра, а досега се потрошени над 940 милиони евра.
И покрај потршената скоро една мијардна евра само еден од овие проекти е завршен. Кај четири проекти раскинати се договорите од кои за три има меѓународна арбитража и побарување за штета во вкупен износ од 45,5 милиони евра. За два проекти постои неизвесност поради изминат рок на градба. Проектите се планираат по повеќе од 10 години, се обезбедуваат кредити па потоа не се гради според планираното, се прават анекси и се испумпуваат пари од буџетот на РМ.
Државниот завод за ревизија разгледувал проекти од секторите за животна средина, климатски промени, транспорт и здравство.
Проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води на Град Скопје е најголема инвестиција од областа на животната средина за која од државата се обезбедни 196 милиони евра и доделени се ЕУ средства во износ од 69.7 милиони евра. Иако за овој проект се обезбедни средства, подготовката е започната во 2007 година, а во 2014 година е направена надградба и ажурирање за студијата на изводливост и после десет години проектот не е подготовен за реализација.
Во акциската програма на Владата вклучени се седум големи прокети од кои два од областа на транспорт и пет од областа на животната средина. За овие прокети со проценета вкупна вредност од 715.5 милиони евра со билатерални договори склучени помеѓе ЕУ и РМ доделена е финансиска помош во вредност од 180 милиони евра.
После десет години од програмскиот период, започнато е со реализација само на три проекти кои се стопирани или пак имаат бавна динамика на реализација и трошоци во вкупен износ од 29 милиони евра. За четири прокети постои голема неизвесност за реализација и ризик од губење на грант средства поради неспроведени тендерски постапки и договори за градба.
Со изградба на коридор VIII од железничка инфраструктура кон исток, фаза 1 и 2, е започнато во далечната 1996 година и се’ уште не се завршени. Вредноста на овие проекти е зголемена и платени се провизии за неповлечени средства од 4.6 милиони евра. За истиот коридор фаза 3, фазата на планирање и подготвување на проектот трае предолго и постои можност од губење на ИПА грант средства во износ од 60 милиони евра и идни фискални импликации поради потреба од обезбедување на дополнителни средства од буџетот. Првичната вредност на проектот е 340 милиони евра додека до мај 2024 година вреднсота е зголемена на 560 милиони евра што претставува зголемување од 220 милиони евра.
Проект за изградба на Автопат 2 делница Кичево-Охрид е во вредност од 589 милиони евра. Само за потсетување првичната вредност на овој прокет е 411 милиони евра, а изградбата е започната во 2014 година.
Проектот за автопат од Скопје до границата со Косово втора делница се’ уште не е започнат, истиот се планира повеќе години, а вредноста е зголема од првничните 112 милиони евра на 198 милиони евра за 10км автопат.
Изградба на инфраструктурен Коридор 8 и Коридор 10д. Вредноста на овој прокет изнесува 1.319 милјарди евра а донесен е и специјален закон со кој се уредени условите и начинот на градба. Согласно донесениот Закон за овој прокет не е спореведена јавна набавка и поради тоа не може да се утврди вредноста на овој прокет со што постои и основано сомнение за корупција.
Проектите од областа на здравството, изградба на Клинички центар Скопје и изградба на Регионална болница Штип се откажани поради раскинати договори за градба и договори за заем. Поради откажување од овие прокети, за кои има склучено договори, во 2016 година за изградба на регионална болница Штип и 2017 година за изградба на клинички центар Скопје има високи фискални ризици врз јавните финансии.
Заради раскинување на договор за изградба на Клинички центар Скопје покрената е арбитража со побарување во износ од 23.5 милиони евра, а поради раскинување на договорот за Регионална болница во Штип, проект од големо значење за граѓаните од истокот, покрената е арбитража со побарување во износ од 22 милиони евра.
За надминување на оваа катасторфална состојба со јавните инвестиции во Македонија, Левица предлага најпрво издвојвуање на капиталните инвестиции од тековните јавни трошоци и нивен третман како стратешки ресурс и формирање на Централна планска агенција. ЦПА ќе биде одговорна за општиот инфраструктурен развој на земјата, ќе интегрира многу постоечки тела од оваа сфера и ќе ја преземе функцијата за капитални инвестиции од Министерството за финансии. Со тоа ЦПА би била надлежна за инвестирање во јавната инфраструктура (патишта, хидроцентрали, железница, гасификација…), инвестирање во јавните добра и објекти (болници, градинки, училишта, студентски домови…) како и инвестирање во државни индустриски капацитети.