ДЗР: За 4 години државата прибавила само 1 процент од приходите кои ги остварува концесионер на мермер
За четири години државата заработила само 1,7 милиони евра или 1 процент од продажбата на најквалитетниот мермер, додека концесионерите се збогатиле со останата сума од бизнисот, ова го констатира Државниот завод за ревизија.
Станува збор за периодот од 2018та до 2022 година. Дополнително ревизорите утврдиле дека надлежните институции немаат обезбедоно сигурност за оптимално користење на минералните суровини од страна на компаниите кои добиле дозвола за работа. Била дозволено пречекорување на рокот за наплата на концесискиот надоместок, а за ненавремената наплата надлежните не пресметувале камати. Недостасувал и ефикасен надзор при склучувањето на договори.
„За вршење на експлоатација на минерални суровини за периодот 2018 – 2022 година, наплатени околу 45 милиони евра концесиски надоместоци од кои: околу 4,6 милиони евра надоместок за користење на простор, нешто над 40 милиони евра надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина.“ – велат од Државниот завод за ревизија.
Дека во оваа дејност со години се работело незаконски, потврдува ревизорот кој утврдил дека на одредени места се копале минирални суровини без притоа да добијат дозвола од државата. Дополнително, утврдено е дека не е донесена долгорочна стратегија за оптимално искористување и управување со минималните суровини повеќе од 11 години. Ревизорот констатирал и дека законските решенија кои се носта за оваа дејност многу често се менуваат, а тоа може да влијае врз одлуките за водење бизнис и инвестирање во оваа дејност.
„Базите на податоци на министерството за економија и катастарот на минерални суровини што го води геолошкиот завод не обезбедува јасен и целосен преглед на состојбите со минералните суровини, слабости во постапката при доделувањето на на концесиите за експлоатација на минералните суровини, отсуство на комуникација и размена на податоците помеѓу надлежните институции во системот на плаќање на концесиските надоместоци како и остварените надоместоци на државата.“
Ревизорите ја прочешлале целокупната документација во однос на добивање и одземање на дозвола за работа со минерални сурови, како се плаќале концесиските обврски кон државата, но и колку надзорот си ја вршел работата додека се копал мермерот во рудниците. Официјалните информации велат дека до 2022 година во земјава се доделени 348 концесии на 257 концесионери. За ископ на мермер државата доделила 29 концесии.